02:32 - 2 април, 2026

Чеченски лидер му порача на Илон Маск: „НЕЖНА ИЛОНА, ДОЈДИ КАЈ МЕНЕ НА ТРЕНИНГ“, Маск не му остана должен и „распали“

Откако основачот и извршен директор на SpaceX и Tesla, Илон Маск преку Твитер го покани Владимир Путн на двобој на кој наградата е Украина, не требаше долго да се чека одговор,

Рускиот претседател не му одговори лично, но неговите „адвокати“ одговорија преку Твитер. Дмитриј Рогозин, шеф на руската вселенска агенција Роскосмос и гласен поддржувач на руската инвазија на Украина, објави цитат од Александар Сергеевич Пушкин:

„Ти си, ѓаволче, сè уште млад, преслаб за да се натпреваруваш со мене. Тоа би било само губење време. Прво престигни го мојот брат“.

Маск на тоа му одговори:

„Гледам дека си тежок преговарач“ – му порача со фотографија на која Путин јава мечка, па му порача на царот од Кремаљ да го земе на двобојот и ова животно.

А потоа во расправијата се смеша и чеченскиот водач Рамзан Кадиров.

– Не би ви советувал да се натпреварувате со Путин – му порача преку Твитер.

При тоа, го опиша рускиот претседател како „светски стратег и почитичар кој е чест за Запад и САД“, додека за Маск рече дека е „бизнисмен и твитераш“. Путиновата победа над Маск дури би била и неспортски чин зашто е далеку послаб противник, додаде челникот на Чеченија, кого токму Путин го назначи на чело на та република во 2011.

Кадиров понатаму му порачува на Маск дека прво треба да помине обука во една од неговите академии нарекувајќи го „нежна Илона“, или пак, во еден од низата боречки клубови.

Најбогатиот човек на светот не остана должен па му одговори.

– Ви благодарам на понудата, но таков одличен тренинг би ми дал преголема предност. Ако се плаши од борба, ќе прифатам да ја користам само левата рака, а не сум левак – му одговори Маск, а потоа го промени името на Твитер во „Елона“, пренесува Јутарњи.хр.

 

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....