17:19 - 10 ноември, 2026

Брус Вилис најлесно го препознава гласот само на Деми Мур: Се бори да е „присутен“ додека се роди внукот

Откако се знае низ што точно минува Брус Вилис благодарение на неговата неодамнешна дијагноза на фронтотемпорална деменција, се појавуваат уште ужасни детали.

Веќе е тешко за сите негови фанови да прифатат дека ќе дојде време кога Брус Вилис нема да се сеќава на неверојатната кариера што ја имаше.

Неговите ќерки се уште попотресна приказна бидејќи оние што ја разбираат ситуацијата навистина се борат и да ја сфатат таа ситуација.

Сопругата на Брус, Ема Хеминг Вилис изгради одлична врска со Деми Мур бидејќи и двете работат заедно во помошта за Брус а и двете се трудат да уживаат во времето со Брус што е можно повеќе.

Гласот на Деми Мур е еден од гласовите кои Брус Вилис ги препознава полесно, па затоа токму таа редовно разговара со него додека тој постојано се оддалечува. Извор близок до семејството во разговор со Радар онлајн објаснува колку семејството се бори да функционира во оваа нова реалност. Изворот открива дека и самиот Брус Вилис се бори да биде „присутен“ барем додека се роди неговиот внук. Неговата ќерка Румер Вилис неодамна ја објави својата бременост и сите се надеваат дека Брус дотогаш ќе биде присутен. Но, деменцијата може да биде сурова болест, па ништо не е предвидливо.

„Деми е во постојан контакт со Брус и Ема. Ја користи секоја прилика за да помине време со него. Ако не е покрај него, таа се јавува на телефон само за Брус да може да го слушне нејзиниот глас. Брус не може да зборува многу и се чини дека не разбира многу од она што го кажуваат другите.“, објаснува изворот за Радар онлајн и додава:

„Изгледа дека Брус се оддалечува од сите нив и тоа им го крши срцето. Беше болно да се види како се влошува состојбата. На постарите ќерки им недостасува стариот Брус – оној кој ги задеваше за нивните дечковци и им даваше совети. За жал, предизвиците со комуникацијата се само еден симптом на болеста со која се соочува Брус. Иако ова е болно, олеснување е што конечно има јасна дијагноза“.

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо
Се вчитува....