7.8 C
Скопје
22:05 - 31 март, 2026

Бритни Спирс била „откачена“ од Џастин Тимберлејк на ужасен начин! НЕ САКА ВЕЌЕ ДА ГО ВИДИ!

Во изминатите неколку месеци Џастин Тимберлејк ѝ се извини на Бритни Спирс, но таа повеќе не сака ни да чуе за него!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Timberlake (@justintimberlake)

Поп ѕвездата ги има сите причини на своја страна за да продолжи да му се лути на нејзиното поранешно момче и тоа не само поради старите јавни изјави за нивниот приватен живот, туку и поради начинот на кој тој ја оставил.

Во долга објава на Инстаграм, режисерот Крис Еплбаум откри детали за најозборуваното раскинување во историјата на поп музиката.

Крис објасни дека за време на снимањето на Overprotected Darkchill Remix (видеото каде – според многумина – Бритни достигнува совршенство), Спирс одеднаш го прекинала снимањето и за миг исчезнала. Еплбаум успеал да ја најде и дознал дека Џастин Тимберлејк штотуку ја „откачил“ со СМС порака!

„Еве слика од мене со Бритни Спирс пред да пуштам брада. Ова е фотографирано на вториот ден од снимањето на нејзиниот спот „Overprotected“. Беше 24 часовен (планиран) ден на снимање и имавме екипа која се повлекуваше по 12 часа и нова екипа која доаѓаше. Во одреден момент во текот на вториот дел, Бритни исчезна и јас отидов до нејзината приколка за да ја вратам.

Така дознав дека Џастин Тимберлејк штотуку раскинал со неа преку СМС. Седнавме на подот во нејзината приколка една минута, разговаравме за тоа, а потоа станавме. И кажав дека мора да излезе и да му покаже на Џастин Тимберлејк дека ја направил најголемата грешка во својот живот. Тоа беше само една од приказните во овој спот“ – вели Крис.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....