7.8 C
Скопје
23:57 - 31 март, 2026

Бритни Спирс: Америка кон мене се однесува како да сум насилник

Бритни Спирс на својот профил на Инстаграм кажа што мисли за документарните филмови и ТВ специјалите што беа снимени за нејзиниот лик и дело, истакнувајќи дека ниту една славна личност нема толку медиумски материјал како за неа.

„Имам чувство дека Америка направи одлична работа околу тоа да ме понижи“, ја започнала својата објава пејачката и ја продолжи со анегдота за патувањето од авионот до автомобилот. Напиша дека за неа бил организиран превоз во автомобил за голф, за фотографите полесно да ја фотографираат. „Ова е Америка“, заклучи таа.

Во продолжението, таа се запраша дали воопшто е „легално да се снимаат толку многу документарни филмови за некого без благослов на таа личност“.

„Никогаш не сум видела толку документарни филмови за некого. Вил Смит, Гвинет Палтроу, Џенифер Лопез”, напиша Бритни.

„Навистина? Тоа е најтажното нешто што сум го видел во мојот живот. Луѓето не само што поминаа неказнети за сè што ми направија, туку и ме посрамотија тврдејќи дека ми помагаат“, објасни таа, велејќи дека тоа никогаш нема да им се случи на Вил Смит или Хали Бери.

„Америка… оваа нација кон мене се однесува како кон насилник“, заклучи пејачката.

Да потсетиме, кон крајот на минатата година, по 13 години, заврши старателството кое го контролираше животот на американската поп ѕвезда, но и нејзиниот имот вреден 60 милиони долари. Старателството беше воспоставено и надгледувано од нејзиниот татко, откако таа доживеа јавен нервен слом и беше подложена на третман за проблеми со менталното здравје, чии детали не се објавени.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....