01:50 - 19 август, 2026

Брет Пит го „возврати ударот“ на синот кој го нарече „најголемо ѓубре на светот“: Имаше само еден збор за него

Бред Пит има угледен статус во Холивуд, но неговото семејство има сосема поинакво мислење за него. По тешките обвинувања на поранешната сопруга Анџелина Џоли за неговото однесување кон децата и кон неа, ќерката која се откажа од презимето на татко ѝ, сега и синот Пакс стана тема во медиумите откако пред неколку години на својот Инстаграм профил напишал за татка си порака за празникот „Ден на таткото“ во која го нарекува актерот „ најлошиот татко на светот“.

принтскрин Инстаграм

„Ги претвори животите на моите најблиски во константен пекол. Можеш себеси и на светот да зборуваш што сакаш, но вистината еден ден ќе исплива на виделина. Среќен ден на татковците, ти е*ено човечко суштество“, напишал Пакс во 2020 година. Кога пораката од приватниот профил неколку години подоцна стигнала до јавноста, извор близок до глумецот дал изјава за британски „Сан“.

„Фрустрирачки е што Бред е претставен како лоша личност во медиумите, што е далеку од вистината“, вели изворот, додавајќи дека Пит ги почитува своите деца, но и дека неговиот молк е многу погласен затоа што одлучил да биде „достоинствен во сегашната ситуација“.

Анџелина Џоли го посвои Пакс од виетнамското сиропиталиште „Хо Ши Мин“ во 2007 година. Имал три години кога го однеле во сиропиталиште бидејќи бил одземен од мајка му која била зависничка од хероин.

Кога Пит и Џоли се разведоа во 2016 година, децата останаа кај глумицата поради наводен спор во приватен авион меѓу Пит и најстариот син Медокс. Но како што сега излезе на виделина, Пит имал проблематичен однос и со синот Пакс.

Синот Пакс за Бред Пит: „Ти си ужасно човечко суштество, ни го направи животот пекол“

Слични објави

Момчето кое Карлеуша јавно го пофали ѝ упати јавна порака: „Моја лавице, те сакам“

E.A.

Ќе седи рамо до рамо со Карлеуша: Дара Бубамара ги напушта „Ѕвездите на Гранд“, уловена во Пинк ТВ

Еспресо

(Видео) Лазар Ристовски разменува нежности со Аница во базен – заљубениот пар ужива на одмор во Грција

Еспресо

Живеела во беда, одела на училиште со чевлите на татко ѝ, децата ѝ се потсмевале, а денес е главна ѕвезда на црвениот килим во Сараево – која е Разија Чолаковиќ?

Еспресо

Пејачка ограбена во манастир, останала без пари и документи, ги открила деталите од кражбата

Еспресо

Ханка Пладум на 70 години како манекенка, на црвениот килим со елегантната креација порача „стоп за војната“

Еспресо
Се вчитува....