12:23 - 31 јануари, 2026

„Брена ме продаде за ситно, таа е спремна на сè“: Поранешниот соработник нема најдобро мислење за пејачката

Лепа Брена пред 40 години се прослави со песната „Чачак, Чачак“ што за неа ја напиша Милутин Поповиќ Захар. Но Захар денес нема најдобро мислење за Брена, пишува Svet-skandal.rs.

– Секогаш имаше расипаност во тие музички и естрадни води. Јас ѝ направив на Брена милионски тиражи, со многу песни и неколку албуми… Ги пишував тие забавни песни затоа што на луѓето им беше преку глава од кукање и завивање – откри Захар.

– Таа стана мега ѕвезда за два месеци на крилјата на таа музика. Ѝ направив четири плочи кои беа многу слушани. Сепак, некоја екипа од ПГП РТС сакаше да ја преземе Брена бидејќи носеше многу пари, па бандата ја зеде од мене и ја турна кај Бата Ковач и Марина Туцаковиќ, тие да ѝ прават песни.

– Брена ме продаде за ситно. Ја подготвував за Евровизија, ѝ направив песна „Блонди од Балканот“, со која можеше да направи чуда, но тие ѝ ја направија „Ситније циле ситније“, со која беше последна на нашиот избор.

Потоа почна да се соблекува, бидејќи Саша ѝ рече дека тоа е добро за работата. Така и се сликаше, па ги откупуваше сите тиражи бидејќи во момент се покајуваше. После тоа се обиде да се смири со мене, но безуспешно. Јас од Пепелашка направив кралица, а така ми се врати. Повеќепати ме продале, таа не е единствената.

Захар има свое мислење и за односот меѓу Лепа Брена и нејзината снаа Александра Пријовиќ.

– Бев во жирито додека таа се натпреваруваше. Отидов на натпреварот поради Жељко Митровиќ, тој е мој сограѓанин. Таа беше едно просечно, перспективно младо суштество. Но, таа наиде на мудра, суетна жена, која сите кои по песната би можеле да ја засенат би ги вовлекла во нејзиното семејство, во нејзината околина, да ги држи на око и да ги контролира. Веројатно и таа како и сите други, мислела дека со мажењето во таа куќа ќе биде дополнително воздигната. Александра е пејачка која добро се згрижи, но на таков начин што ниту за момент не ѝ засмета на Брена. Да не се омажеше за нејзиниот син, Брена ќе се настрвеше на неа. Таа сака сè да има под контрола, но не е само Брена таква – тврди поранешната соработник на Брена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Слични објави

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо
Се вчитува....