10:30 - 5 декември, 2025

Брена 5 ноќи по ред ќе пее во Загреб: Еден концерт чини 300.000 евра

Балканската ѕвезда Лепа Брена изминатите денови ги помина во Загреб каде во интервју за медиумите откри зошто не сака да биде единствената рекордерка на најголемата сала во Хрватска.

– Искрено, мислам дека помина времето да се натпреварувам со некого или со себе. Мислам дека дојде време да уживам во целиот бизнис. Не бев свесна дека во 1985 година ќе пеам во Романија пред 60.000 луѓе. Дека пет години подоцна ќе пеам пред 120.000 луѓе во Софија на стадионот „Васил Левски“. Дека ќе слетам со хеликоптер. Мислев дека се само празни приказни. Исто така, не верував дека ќе направам пет филма за целиот простор на поранешна Југославија. Имав и кукла, прва со нечие оригинално лице. Во белградскиот синдикат пеев 31 концерт по ред. Во еден ден настапив три пати во Сплит. Конкуренцијата всушност не е на место за мене и за мојата возраст и едноставно не функционира. Тоа им го оставам на младите и нека поставуваат рекорди, а ние постарите нека уживаме – рече Брена.

Брена се осврна и на финансиите, па откри колкав профит ќе има по пет концерти во загрепската Арена.

– Никогаш не размислувам за заработка. Прашањето за обезбедување квалитетен концерт е многу скапо продукциско прашање денес. Едно е кога ќе излезеш со десет музичари без скапа продукција, танчери, музичари, костими… Помина времето на вакви настапи. Денеска организацијата на секој концерт чини над 200.000, 300.000 евра. Размислувате дали сте инвестирале можеби 100.000 евра повеќе? За мене сега е поважно да ѝ се оддолжам на мојата публика во Загреб. Можам да излезам и со позитивна нула. Сите вакви концерти, со скапа продукција и организација, ако направиш еден или два, на нула си. Можеби третиот или четвртиот концерт се тие што се исплатат, но мене тоа не ме интересира, од оваа позиција – заклучила Брена.

Слични објави

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо

По загубата на мајка му и на татко, само таа му остана: Дарко Илиевски со уште лична приказна

msp-admin

Хороскоп за 5 декември: Овните ќе склучат добра зделка, Раковите ќе имаат потешкотии на деловно поле

Еспресо
Се вчитува....