02:33 - 12 јули, 2026

Бреговиќ не ја дава вилата во Црна Гора ниту за 3,5 милиони евра! Одбил руски тајкун поради една причина, многумина ќе го разберат!

Очигледно, музичарот Горан Бреговиќ сака да стекнува недвижности, но не и да ги продава. Куќите што ги купил во текот на својата богата кариера не ги продава ниту за милиони. Поконкретно, бизнисмен од Русија, кој е близок пријател на поранешната српска пејачка на „Моделс“ Сандра и нејзиниот сопруг, богаташот Андреј Мелниченко, на музичарот му понудил дури 3,5 милиони евра за вилата во Пераст, но Брега го одбил.

Близок пријател на Брега за српски „Курир“ ги раскажал деталите.

– Горан е многу приврзан за материјалните работи што ги стекнал во текот на животот. Особено за куќите, вилите, становите, плацовите, значи сè што е навистина вредно. Имаше многу понуди за вилата во Црна Гора, но оваа последната беше и најдобра и најисплатлива. Размислуваше, се двоумеше, но конечно се откажа. Иако се работи за угледни луѓе, со кои не би имал никакви проблеми при исплаќањето, тој одбил сериозна сума. Овие луѓе летово биле гости во неговата куќа покрај море, која одлучи да ја изнајми, но кога станало збор за продажба, понудата на Бреговиќ на почетокот му се допаднала, но по неколку дена се откажал. Мереше, не дека не, но пресуди тоа дека го обожава тој простор – рекол извор за „Курир“.

Музичарот го купил овој имот пред повеќе од 10 години со цел на сопругата и ќерките да им обезбеди идеално место за одмор. Овој објект се вклопува во архитектурата на прекрасно црногорско гратче, па величествената вила е изградена во бел камен, опкружена со двор и со ѕидови, како и со медитеранска вегетација, за да може семејството да има интимност во текот на престојот. Вилата е реновирана во 2015 година, а Брега пред неколку години инвестирал 20.000 евра во реновирањето на куќата на Јадранот, а последната година ја издава за 1.400 евра дневно.

Брега еднаш изјави дека купил огромни имоти од страв од сиромаштија.

– Цел живот имам страв од сиромаштија. Во странство не е како кај нас, кога си на улица, немаш тетка да одиш на ручек, немаш чичко да позајмиш пари. Во војната изгубивте сè што имавте за еден ден. Поради тој страв купував премногу работи. Пред војната имав куќи, станови, бродови, автомобили… Сега повеќе не се грижам за себе, имам деца, па истиот страв го имам и за нив – изјавил еднаш Бреговиќ.

 

Слични објави

Алка Вујица сподели фотографија од нејзиниот базен и со духовит коментар ги насмеа фановите

Т.Ц.

Драгана Катиќ се огласи од козметички салон и откри како го одржува младешкиот изглед

Т.Ц.

Се сеќавате на Дин од Евровизија? Сега е во љубов со Американец и вели дека е „темел на неговиот живот“

Еспресо

(Фото) Оливера Балашевиќ во дрес на Аргентина го следеше Светското првенство со внукот во раце: „Фудбал и ние двајца“

Еспресо

Барате сандали што го дефинираат летниот стил? Новата понуда ве очекува во „Chantel“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Лепа Брена ужива во луксузен одмор, а нејзиниот изглед повторно привлече внимание

Еспресо
Се вчитува....