13:45 - 1 април, 2026

Брачен дует: Нивес и Горан Иванишевиќ запеаја хит од Петар Грашо

Горан Иванишевиќ и неговата сопруга Нивес овие денови престојуваат во Сараево, каде што се испробаа и на тенискиот терен. Двојката одигра егзибициски натпревар кој ги забавуваше насобраните гледачи, а вечерта се пееше и песна.

Нивес и Горан Иванишевиќ уживаа во опуштена вечер. Во друштво на музичари, брачниот пар го отпеа големиот хит на Петар Грашо „Ако те питају“. Во лежерна атмосфера и со насмевки, нивниот спонтан настап брзо ги освои следбениците.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nives_Ivanisevic (@nivessimpson)

„Се чувствувам одлично, овие последни два дена качив три килограми. Добро е што си одам за два дена бидејќи Сараево има специфична душа, особено кога станува збор за Сараевскиот филмски фестивал“, рече Иванишевиќ по натпреварот, објави Radiosarajevo.ba.

Да потсетиме дека минатиот декември, двојката ја прослави седмата годишнина од бракот. Тие се венчаа во Загреб во друштво на семејството и блиски пријатели, а во 2018 година добија син. Горан има и 17-годишен син, Емануел, од првиот брак.

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....