23:51 - 11 ноември, 2026

Борис Новковиќ сподели фотографија од 80-те и ги воодушеви обожавателките

Борис Новковиќ (57), еден од најистакнатите кантавтори на музичката сцена во регионот, ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи објавувајќи фотографии од младоста. Тој се присети на златните осумдесетти кога имаше низа хитови и го обликуваше стилот на тоа време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boris Novkovic (@boris_novkovic)

„Некогаш одамна… Вака изгледаше тоа во осумдесеттите – фризури и стилови што беа популарни тогаш“, напиша тој покрај фотографиите што потсетија на периодот на неговите најуспешни албуми.

Неговите фотографии предизвикаа лавина од реакции, особено кај женските обожавателки, кои коментираа: „Фраер беше и остана“, „Љубовта на мојата младост“ и „Најзгодниот на нашата сцена“.

Освен поради неговата музика, јавноста често го следеше Борис и поради неговиот бурен приватен живот – беше четири пати во брак и е татко на четири деца.

Неговата прва сопруга беше актерката Бојана Грегориќ Вејзовиќ, потоа Луција Матиќ, со која ги има синовите Ноа и Боно. Потоа следеше кратка медиумска приказна со Инес Катиќ, а последна сопруга му беше Ирис Волф, со која има две деца – ќерката Си и синот Нео. Се разведоа во 2020 година.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....