3.8 C
Скопје
18:33 - 26 декември, 2025

Борис Џонсон мора да ја смени локацијата за свадбата закажана на државен имот на 30 јули, оставките ја разочараа дури и невестата

Во брак е една година, Борис Џонсон и Кери Сајмондс поради пандемијата мораа да чекаат до сега за да направат свадба со стил и да поканат бројни гости. Но сепак, оставките во британската влада и зејотресот на фотелјата на премиерот променија сè.

Долгоочекуваната свадбена прослава на Борис Џонсон и неговата 34-годишна сопруга Кери Сајмондс е закажана за 30 јули 2022 година. Закажана е уште оддамна, организирана до перфекција, поканите се поделени, но…Но дел од повиканите гости на свадбата веќе си заминаа од владата. Дали оставките ќе ја одложат венчалната забава, толку очекувана и планирана?

Џонсон и Кери се венчаа пред повеќе од една година во (католичката) катедрала во Вестминстер, но во мај 2021 година поради ограничувањата од Ковид19 ја одожија забавата за подобри денови, а прославија само во друштво на 30 гости. Имено, само 30 гости можеа да учествуваат на церемонијата и малата прослава што следеше по официјалното венчавање на парот, а која се одржа во градината на премиерската лондонска резиденција во Даунинг стрит.

Сепак, големата свадбена свеченост беше закажана за крајот на јули 2022 година во резиденцијата што Англија му ја става на располагање на премиерот. Ова е имот, во село северозападно од Лондон, поточно вила од шеснаесеттиот век, со затворен базен, донирана на Обединетото Кралство од Лорд и Лејди Ли од Фарехам на почетокот на дваесеттиот век. Селската палата ја нарекуваат Дама и таа државата ја става во служење на премиерот на Велика Британија. Самиот замок датира од 16 век, а сместен е во близина на селото Елезборо, во подножјето на Хилтерн Хилс. Тоа е на околу 40 милји северо-западно од центарот на Лондон.

Но овој раскошен план важеше сè додека не почнаа оставките на министрите и други важни функционери од владата на Џонсон предизвикани од низата скандали. Англиските весници објавија дека една од причините зошто Џонсон решил цврсто да се држи за премиерската фотелја, односно да ја одложи остваката, е за да не мора да се откаже од таква престижна локација каде веќе е закажана свадбата.

Актуелна е жестока полемика во британските медиуми. По оставката на Џонсон од лидер на партијата, а потоа и на оние околу шеесетина ториевци во владата за само 48 часа, се смета дека е несоодветно премиерот во оставка да ја прослави својата свадба во структура што ја одржуваат парите на даночните обврзници, односно на граѓаните.

Така, Sky News доби потврда од Даунинг стрит дека г-дин и г-ѓа Џонсон одлучиле да ја сменат локацијата на приемот. Поканите веќе биле испратени до долгиот список на гости, но можеби во овој момент ќе биде потребно второ испраќање со исправање на местото на настанот.

Бурниот приватен живот на Борис Џонсон: Додека бил градоначалник на Лондон, добил ќерка во вонбрачна врска

Слични објави

„Пијам сок само од Версаче чаша“: Новиот гаф на Диди Џеј ги запали мрежите

Еспресо

Марија Шерифовиќ откри дека била нападната од обожавателка: „Ме зграпчи за вратот…“

Еспресо

(Фото) Со помош на вештачката интелигенција си направи дечко? Ава Карабатиќ ја откри вистината позади нејзините објави на Инстаграм

Еспресо

(Фото) „Каква е оваа љубов“: Цеца Ражнатовиќ објави фотографија од својот зет и внук од новогодишниот панаѓур во Белград

Еспресо

(Фото) Донатела Версаче ја покажа елката: Модната дизајнерка не разочара во изборот на декорацијата

apostolova

Диди Јанковиќ пие сок само од „Версаче“ чаша: „Специјална е, ја купив во Америка“

Еспресо
Се вчитува....