9.8 C
Скопје
14:08 - 31 март, 2026

БОРИС БЕКЕР ВО ЗАТВОР! Поранешниот тениски шампион е осуден на две ипол години зад решетки!

Поранешниот тениски шампион Борис Бекер е осуден на две и пол години затвор поради даночна измама. Инаку шампионот на шест Грен слеми ризикуваше до 7 години затвор.

На почетокот на овој месец Бекер (54) беше прогласен за виновен од страна на Судот во Саутворк за четири од 24-те прекршоци за кои беше обвинет во судскиот процес за стечај во 2017. Судот во Лондон денеска донесе одлука за големината на казната што ќе треба да ја одлежи.

Борис ја чекаше казната носејќи ја својата шампионска вратоврска на Вимблдон, а најверојатно вечерва ќе оди во затвор за да отслужи половина од казната, додека преостанатиот период од притворот ќе биде на режим на полу-отпуст:

„Вреди да се напомене – изјави судијката Дебора Тејлор – дека не ја признава својата вина, па дури ни каење. Имаше тотален недостаток на понизност од негова страна“.

Утрото Бекер поминал извесно време со својот син Ноа, потоа пазарел во Хародс и на крајот купил букет цвеќе, веројатно за својата партнерка која никогаш не го оставила сам за време на судењето.

Слични објави

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova
Се вчитува....