Првата девојка на Илон Маск на аукција ги продава нивните фотографии од студентските денови. Џенифер Гвин се забавувала со милијардерот додека и двајцата биле во раните дваесетти години и студирале на Универзитетот „Пен“.
Парот била заедно една година, а за тоа време таа ја запознала неговата мајка Меј, неговите браќа и сестри и слушнала сè за неговите планови за електрични автомобили.
Таа сега е мажена и живее во Јужна Каролина, па решила да „заработи на спомените“, надевајќи се дека ќе собере пари за школарината на нејзиниот посинок, пишува „Дејли мејл“ каде што ексклузивно се прикажани фотографии од младиот Маск.
Гвин, која денес има 48 години, за британскиот весник изјавила дека нивната романса била слатка, но дека недостигала блискост и физички контакт бидејќи Илон не го сакал тоа.
Раскинале во 1995 година, кога неговата врска со првата сопруга достигнала сериозно ниво. Џенифер истакна дека Маск се гледал со Џастин додека нивната романса сè уште траела.
„А се запознавме есента 1994 година. Неговата срамежлива природа на почетокот ме привлече… тој беше мој тип“, рече Гвин, која знаела дека Маск ќе успее во животот.
„Беше многу фокусиран на студиите. Цело време зборуваше за електрични автомобили… Го гледаше училиштето како отскочна даска“, додаде таа.
Маск ја освоил со кинеска храна за носење од локалниот ресторан „Пекинг“.
„Кога ви се додворува, знаете дека е заинтересиран, но тој не беше исклучително љубезен. Бевме интимни кога требаше… но немаше држење за рака или нешто слично. Сакаше да биде со мене. Едноставно сакаше да има некој со него, некој да го поддржува“, откри таа.
Гвин истакна дека мајката на милијардерот е прекрасна жена која еднаш ги однела неа и Маск на шоу на Бродвеј. Таа не го запознала таткото на Маск, а тој и рекол дека не се во добри односи.
Џенифер нагласи дека разбира дека Маск ја бара совршената жена и дека смета дека Џастин е идеална за него, иако и таа негова врска „пукна“.