12.8 C
Скопје
18:49 - 3 април, 2026

Бен Стилер се сретна со Зеленски во Киев: „Вие сте мојот херој“

Американскиот актер Бен Стилер, амбасадор на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев.

„Ви сте мојот херој. Веќе имавте одлична актерска кариера, но сега…“, рече Бен Стилер, осврнувајќи се на минатото на Зеленски како актер.

„Не толку голема како вашата“, одговори украинскиот претседател.

Американскиот актер објасни дека „навистина е тешко да се разбере што се случува овде ако не го видите тоа сами.

„Денеска бев во Ирпин и видов голено уништување. Едно е да се види преку ТВ и социјалните мрежи, а друго е да се види од овде, разговарајќи со луѓето“, рече Стилер.

Зеленски позитивно ја поздрави посетата на Бен Стилер, бидејќи, како што самиот објасни, „не е интересно да се зборува за војната секој ден, многу е важно луѓето да не заборават што се случува. Имајќи предвид дека без медиумско внимание за Украина, тешко е да се притисне Русија назад“.

Стилер веќе го посети Лавов завчера, 19 јуни, додека вчера беше во Макарив и Ирпин, во регионот на Киев, пред да се сретне со претседателот во главниот град.

Слични објави

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо
Се вчитува....