02:56 - 3 април, 2026

Белграѓани се збогуваат со Ноа: Палат свеќи на главниот плоштад за убиената тиктокерка

Со палење свеќи, ЛГБТ+ активистите како и активистите за правата и заштитата на жените и човековите права ѝ оддадоа почит на трагично настраданата девојка, чии распарчени делови од телото беа пронајдени денеска во стан во Белград, а за кои се сомневаат дека е Ноа Миливојев од Ковиљ, која исчезна пред неколку недели.

Присутните палеа свеќи и оставаа цвеќе крај споменикот на Кнез Михаило на Плоштадот на Републиката, каде поставија транспаренти со натпис „Човечки суштества, а не мети“, „Тишината не убива“…

Белградската полиција во соработка со Вишото јавно обвинителство, претходно денеска го уапси 33-годишниот О. Д., осомничен дека ја убил девојката, а потоа го распарчил телото на жртвата, чии делови биле пронајдени во станот на осомничениот на улицата Цар Лазар во Белград.

Белградската полиција соопшти дека идентитетот на жртвата ќе се утврди по ДНК анализа во Институтот за судска медицина, а медиумите веќе објавија дека се работи за Ноа Миливојев, 18-годишна девојка, по која се трагаше од јуни. 17.

Потсетуваме, тиктокерката Ноа имаше 14 000 следбеници на Тик-ток, а своето последно видео го објави непосредно пред да исчезне, пишуваат српските медиуми.

Таа, според некои српски медиуми, била трансродова жена, родена како Ѓорѓе.

Како изгледаше на плоштадот Република во Белград вечерва, погледнете ја фотогалеријата – ТУКА.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....