6.8 C
Скопје
23:03 - 16 октомври, 2026

„Барби“ влегува во историјата со 1 милијарда долари на киноблагајните

Речиси три недели откога почна да се прикажува, блокбастерот на сценаристката и режисерка Грета Гервиг заработи неверојатни 1,03 милијарда долари на светските киноблагајни, според официјалните проценки на „Ворнер брос“. Гервиг стана прва жена режисер со филм вреден милијарда долари.

Како една половина од виралниот феномен „Барбенхајмер“ не е за изненадување што „Барби“ добро се покажа. И, стоејќи на свои нозе, неверојатниот успех на куклата воопшто не е неочекуван.

Во филмот, во кој Маргот Роби и Рајан Гослинг ги глумат Барби и Кен, легендарната кукла оди во авантура во реалниот свет.

„Јас сум во оваа игра 30 години и феноменот Барби и Барбенхајмер е еднакво без преседан колку што беше и непредвидлив“, рече Пол Дергарабедјан, медиумски аналитичар во „Комскор“.

Според Дергарабедјан, само 50 филма во историјата ја достигнале границата од милијарда долари.

Тој додаде дека маркетиншката кампања на филмот беше прво навестување дека „Барби“ ќе биде полн погодок.

„Маркетиншката кампања за „Барби“ иницира низа настани што доведоа до тоа зборот ‘Барбенхајмер’ да биде додаден во популарниот лексикон поради неговиот заеднички датум на издавање со ‘Опенхајмер‘ и тогаш сите знаевме дека ова нешто е посебно и единствено и дека ќе создаде многу поголем од очекуваниот исход за филмот не само за првиот викенд, туку и за неговото глобално прикажување во кината“.

Во интервјуто за „Колидер“ минатиот месец, Маргот Роби, која го продуцира филмот, покрај што го глуми насловниот лик, говореше за претчувството што го имала на состанокот со студијата кога филмот требало да добие зелено светло.

„Барби“ е дистрибуиран од „Ворнер брос“, во сопственост на матичната компанија на Си-ен-ен, „Ворнер брос дискавери“.

Продажбата на билети за „Барби“ е на второ место по „Супер Марио Брос“, кој излезе во април, а досега има заработено 1,357 милијарда долари.

Слични објави

„Не сум ја видел ќерка ми девет дена“: Петар Грашо проговори за семејниот живот, а неговиот коментар за Тончи ги изненади сите

Еспресо

Мајката на Милица Тодоровиќ ја разнежни јавноста со порака до ќерките: „Ќе ве чувам во молитвите секој ден до крајот на животот“

Еспресо

Јелена Карлеуша жестоко го нападна Јаков Јозиновиќ: Изнесе тешки обвинувања за неговата кариера и настапите во Србија

Еспресо

Избегаа на егзотична дестинација – Бресквица го објави првото видео со своето ново момче

Еспресо

(Фото) Ела Дворник ја покажа другата страна од својот живот – откри каде поминува до десет часа на ден

Еспресо

„Каков новинар си ти, мораш уште да учиш“: Харис Џиновиќ се налути на познатиот водител поради прашање за брковите

Е.А.
Се вчитува....