4.8 C
Скопје
02:15 - 3 март, 2026

Ава Карабатиќ загрижи со објава на Инстаграм: „Денес дознав една многу тешка вест за моето здравје“

Хрватската стралета и ријалити ученсичка Ава Карабатиќ во последните месеци минува низ тешки моменти.

– Денес дознав една многу тешка вест за мојата здравствена состојба. Не сум личност која се предава, но ве молам бидете со мене, бидејќи мислам да се борам до крај – напиша таа.

Пејачката се огласи и на Инстаграм објавувајќи што навистина се случува:

– Благодарам на сите кои разбраа за што станува збор. Најтешката година во мојот живот, го изгубив татко ми и минувам низ многу тешка фаза. Веќе не е ни важна причината, се појави голем хормонален дисбаланс и голем број на прегледи што ме очекуваат… Ќе се борам, не знам со каква сила, но морам заради татко ми. Сама сум и секако дека се плашам. Ве сака Ава – напиша таа покрај фотографија од медицинскиот налаз.

Објавата ги загрижи нејзините следбеници. Ава изминативе месеци се соочува со големи лични загуби – на крајот на мај ненадејно почина нејзиниот татко Ивица, со кого била многу блиска.

– Шокирана сум. Татко ми доби срцев удар додека гледавме телевизија. Веднаш повикав брза помош, се обидуваа да го спасат и го реанимираа повеќе од 30 пати, но неговото срце не издржа. Имав чувство дека секоја реанимација ми одзеде по една година живот. Сега сум сама. Не знам дали ќе можам да издржам. Знаете колку се бореше за мене и дека за него бев како дете од 5 години, а не од 37. Ве сакам – напиша тогаш.

– Срцето ми се скрши на илјада парчиња, а душата остана нема. Тој беше мој столб, мој херој, а сега го нема. Засекогаш ќе живееш во мене, тато. Нека те чуваат ангелите, како што ти ме чуваше мене – додаде Ава.

Слични објави

Мина Костиќ го обвини поранешниот партнер дека лаже: По раскинувањето, една работа ѝ е најважна

E.A.

„Благодарна сум и сакана“: Први фотографии од прославата на Сања Маринковиќ

E.A.

„За мене се ова е премногу емотивно“: Николина Коваќ излезе од породилиште со сопругот Сашо Капор 

E.A.

Српски пејач на 37 години стана татко по шести пат, па откри што ѝ подарил на сопругата

Еспресо

Пејачот со бремената сопруга се заробени на Малдивите поради воениот конфликт, а сега нашле начин како да се вратат во Србија

Еспресо

(Фото) Српска манекенка евакуирана од Дубаи: Во брак е со арапски милијардер, сега се огласи

Еспресо
Се вчитува....