16:03 - 10 ноември, 2026

Аница Лазиќ проговори за пластичните операции и откри: На триесет сум поубава отколку на осумнаесет

Јавноста ја запозна Аница Лазиќ како девојка на актерот Лазар Ристовски, а таа веднаш привлече внимание со својата природна убавина.

Како што неодамна изјави, не планира наскоро да влезе „под нож“, но чувствува голем социјален притисок.

„Не ми е тешко да бидам природна, бидејќи одлучив дека така ќе биде, но мислам дека има многу предизвици, особено за жените“, изјави неодамна таа.

„Ние сме под поголем притисок да бидеме совршени, негувани и без брчки. Само што разговарав со другарките, мислам дека сега на триесет и нешто сум поубава отколку кога имав осумнаесет години. Сè уште ништо не сум направила“, изјавила тогаш таа“, пренесува „Блиц“.

Аница нагласува дека е љубител на „се природно“, но нагласува дека не е невозможно во одреден момент да се оперира.

„Што се однесува до пластичната хирургија, не би го направила тоа, но го следам правилото „никогаш не кажувај никогаш“, бидејќи обично кога велам никогаш, тоа ми се случи, но мислам дека ќе избегнам пластична операција“, изјави Аница, па додаде:

„Се трудам секој ден да имам барем еден час за себе, ако е можно, и успевам во тоа и покрај сите мои обврски. Не сум некој што користи многу козметика, бидејќи сè ми е горе-долу природно. Имам една пудра, маскара и сенка за очи. Кога нешто е природно, мене ме привлекува.“

Слични објави

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.
Се вчитува....