5.8 C
Скопје
01:40 - 1 април, 2026

Анџелина Џоли снима нов филм во јужна Италија, „Сакам на секое дете да му дадам посигурен свет“

Радосна вест за обожавателите на убавата глумица Анџелина Џоли – наскоро ќе гледаме нов филм од Џоли. Филмот ќе почне да се снима во Апулија, во гратчето Мартина Франка, кое неодамна го посетила за да се увери во преубавата локација за снимање.  

А за задоволтвото да биде поголемо, станува збор за филмската адаптација на „Без крв“, истоимениот роман на италијанскиот писател Алесандро Барико, чии права ги купила во 2017 година, чекајќи го моментот да застане зад камерата. Тој момент пристигна и заедно со продуцентската куќа Fremantle, со која потпиша тригодишен договор.

– Прекрасниот историски центар на Апулија во наредните недели ќе биде сетот на филмот на холивудската ѕвезда. Не е прв пат да се снима филм во Мартина Франка, но првпат градот е избран од многу престижна меѓународна филмска продукција. Историскиот центар ќе излезе на големото платно ширум светот со важен имиџ и економски бенефит – рече советникот на општина Тарантино Џанфранко Палмисано.

Покрај Апулија, каде што треба да започне снимањето во првите денови на јуни, филмот ќе има и други локации во Италија – всушност екипата ќе се движи меѓу Рим и Матера. Сè уште не е соопштено кои се протагонистите на филмот и дали ќе бидат вклучени и италијански актери, но со оглед на договорите со познатата продукциска куќа не е исклучено да се појават и некои познати лица од италијанската кинематографија.

Во меѓувреме, Џоли реализираше и интервју кое ќе биде објавено во јунскиот број на италијанското списание Грациа, со наслов  „Сакам на секое дете да му дадам посигурен свет“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ℳ𝒶𝓃𝑜𝓃 (@angiiejolie)

Во интервјуто Џоли се фокусира на нејзините хуманитарни активности, особено во Камбоџа, каде е родено нејзиното дете и кое ги преживеало траумите на војната, но зборува и за децата и војната во Украина.

 

 

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....