19:17 - 30 јануари, 2026

АМБЕР ХЕРД го отпушти ПР тимот поради негативен публицитет! СЕ ЗДРУЖИЛА СО ПРОТИВНИЦИТЕ НА ДЕП

Амбер Херд го отпушти својот тим за односи со јавноста поради премногу негативен публицитет. Сега глумицата си најде нова ПР агенција.

На Амбер Херд ѝ пречи сликата што се креира за неа во етапите на процесот на судењето со  поранешниот сопруг Џони Деп. Така, таа одеднаш реши да го отпушти својот тим за односи со јавноста, Precision Strategies.

„Њујорк пост“ пишува дека актерката од Аквамен ја донела одлуката минатиот четврток поради континуираниот „негативен публицитет“ што го добива во медиумите.

Судењето за клевета започна минатиот месец и оттогаш – како што известува извор цитиран од Њујорк Пост – актерката е особено „фрустрирана бидејќи нејзината приказна не била раскажана на вистински начин“. Друг извор известува дека Херд „не може да ги поднесе негативните наслови“ за неа во печатот.

Џони Деп поднесе тужба од 50 милиони долари против Амбер Херд, тврдејќи дека неговата поранешна сопруга го клеветела во уредничкиот коментар во Вашингтон пост, каде што таа јавно тврдела дека била жртва на семејно насилство. Адвокатите на Херд пак, тврдат дека Деп постојано ја злоставувал поранешната сопруга сексуално, физички и психички. Сведочењето на актерката е закажано за следниот вторник, 3 мај во Ферфакс, Вирџинија.

„Њујорк пост“ пишува дека Херд, по ненадејното отпуштање на тимот на Precision Strategies, се свртела кон Шејн Комуникации, за да се обиде позитивно да ја промени перцепцијата што медиумите и јавноста ја имаат за неа. Одлуката дошла по повеќедневното сведочење на Деп и огромниот медиумски притисок кој се сврте против неа.

Новата ПР агенција во минатото веќе работеше против Џони Деп. Извор во Precision Strategies изјави за ова прашање: „После години градење одредена наративност, не можете да го промените јавното мислење за само три недели“.

Слични објави

Даваше, а и уште ќе дава: Харис Џиновиќ ја заборави Мелина, сега си „бркна“ 20 години помлада

Еспресо

(Фото) Најжешкото издание досега: Јована Јеремиќ позира во чипкан градник и мрежести хулахопки

Еспресо

(Фото) Изгледа 20 години помладо: Кристина Агилера позираше топлес на Модната недела во Париз

Еспресо

(Фото) Ален Исламовиќ годишно заработува 50.000 евра само од ова: Вака изгледа луксузната вила со базен, тениско игралиште и плантажа со лешници

Еспресо

Душица Јаковљевиќ потврди дека Мина и Каспер влегуваат во „Задруга 9 Елита“: Откри детали за нивната врска зад камерите

Еспресо

(Фото) Зорана доби луксузен автомобил од вереникот: Вака изгледаше изненадувањето во Мајами!

Еспресо
Се вчитува....