0.8 C
Скопје
11:17 - 23 декември, 2024

Александра Пријовиќ го прекина последниот концерт: Свекрвата Зорица, во солзи, целосно скршена

Српската пејачка Александра Пријовиќ синоќа во Арена го одржа својот 63-ти и воедно последен концерт во Белград, во рамки на својата турнеја „Од исток до запад“.

Бројни јавни личности се појавиле синоќа за да ја поддржат Пријовиќ, а салата била преполна, имајќи предвид и дека бината на Александра била отворена од сите страни, а Арената била исполнета до последното место.

И семејството на Александра било на концертот за да ја поддржи. На концертот во Белград нејзиниот татко се појавил со маќеата, тука биле и мајката, свекрвата Зорица, односно мајката на сопругот Пријовиќ – Филип, на која во еден момент од концертот ѝ се обратила и самата Александра.

Пријовиќ престана да пее и се приближила до ВИП делот каде што биле членовите на нејзиното семејство, а емотивниот говор ја расплакал нејзината свекрва која не можела да ги сокрие солзите.

Александра дури добила и транспарент со нејзини слики, а на кој биле испишани градовите во кои имала концерти во рамките на турнејата „Од исток до запад“, а кој е долг дури 10 метри.

 

Слични објави

(Видео) Публиката ја исвирка Тијана Дапчевиќ: Пејачката го поздрави Ивица Дачиќ и наиде на критики!

Еспресо

(Фото) Ништо од венчавката вредна 600 милиони долари! Џеф Безос ја демантираше свадбата во Аспен, сè е лага! 

Еспресо

Хороскоп за 23 декември: Вагите ќе имаат љубовни проблеми, Скорпиите ќе бидат под тежок стрес

Еспресо

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо
Се вчитува....