5.8 C
Скопје
06:55 - 1 април, 2026

Александра Пријовиќ го освои и Сараево: „Би сакала песна од Дино Мерлин“

Александра Пријовиќ моментално е најдоминантното име на регионалната музичка поп-фолк сцена. Редовно ги полни најголемите регионални арени со последователни концерти и приредува  спектакли за својата публика.

По успешните настапи во Белград, и по закажаните концерти во Загреб (четири), популарната Прија во Сараево ќе одржи два концерта на 28 и 29 октомври во арената Зетра. А по повод претстојните концерти, пејачката вчера го посети Сараево, ја посети Башчаршија и салата во која наскоро ќе пее, а се дружеше со пријателите и новинарите во популарниот сараевски ресторан „Кибе“.

Александра накратко за босанскиот портал „Аваз“ изјави дека ги има најдобрите соработници во регионот, но дека секако сака „најголемиот од најголемите“ Дино Мерлин да ѝ направи песна.

– Секако дека сакам песна од Дино Мерлин. Времето е пред нас, па ќе видиме дали ќе си ја остварам желбата – изјавила Александра.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....