6.8 C
Скопје
07:55 - 1 април, 2026

Ал Пачино доживеа незгода: Се засопна и падна на црвениот тепих! (ФОТО)

Некогаш со себе носиш придружба за да не бидеш соло, некогаш за да те разубави, а понекогаш за да те дигне од подот, се пошегуваа обожавателите на друштвените мрежи после гафот на црвениот тепих на доделувањето на БАФТА наградите. Посебна точка имаше актерот Ал Пачино (78) кој пристигна со израелската колешка и пејачка Меитал Дохан (39) со која е во врска уште од септември минатата година.

Токму таа го „спаси“ кога тој се сопна на црвениот тепих, додека се качуваше по скалите и многу брзо заврши „на нос“. Двојно помладата девојка му пружи рака, а за помош се понудија и други колеги кои му помогнаа на актерот да се врати на нозе.

Profimedia

„Не е забавно доколку некој не се распадне на тепихот. Овој пат тоа беше Пачино“, коментираа обожавателите на друштвените мрежи.

Гласините за врската на Меитал и Пачино започнаа да кружат уште минатата година.

„Прво се трудеа нивната врска да остане многу приватна, но сега веќе не се трудат тоа да е тајна“, истакнал пријател на Пачино. Меитал е најпозната по улогата во хумористичната серија „Weeds“ и ја има напишано книгата „Love and other bad habits“. Таа исто така ја има објавено и песната „On Ya“ со пејачот Сеан Кингстон (28).

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....