07:14 - 4 април, 2026

Ајде да гласаме за победа на нашите: Таксират и Д Фестивал номинирани за најдобри фестивали во Европа!

Двата најголеми фестивали во организација на „Пасворд Продакшн“ – „ТАКСИРАТ“ и „Д ФЕСТИВАЛ“, се во трка за престижните „Европски Фестивалски Награди“ (European Festival Awards), најзначајното признание за музичките настани на стариот континент! Нашите фестивали зе единствени од Македонија номинирани во две различни категории заедно со 45 други фестивали од 19 држави ширум Европа. Зимскиот „ТАКСИРАТ“ влегува во категоријата за „Најдобар фестивал во затоврен простор“, додека пак „Д ФЕСТИВАЛ“ е номиниран за „Најдобар мал фестивал“ односно категоријата во која спаѓаат фестивалите со капацитет од 10 000 посетители дневно. По оваа исклучително значајна номинација, за изборот на победницте следно е главниот збор на милионската публика од целиот свет која веќе гласа за своите омилени фестивали. Гласањето е отворено за СИТЕ, па и македонската публика ја повикуваме да ги поддржи нашите фестивали гласајќи за нив преку овој линк .

„Европските Фестивалски Награди“ се најзначајното меѓународно признание за препознавање на квалитетот на фестивалските организации на кои се должи европската разновидна и енергична фестивалска сцена. Токму затоа за победниците од секоја категорија одлучуваат оние кои се најважниот дел од музичките фестивали – публиката! Преку отворено гласање на официјалната онлајн платформа ТУКА (https://www.surveymonkey.com/r/efavoting2022) јавноста ќе може да гласа во сите категории и секако да ги поддржи „Таксират“ и „Д Фестивал“ со својот глас сѐ до 7 декември.
Прогласувањето на победниците ќе биде на 18 јануари 2023, на свеченото доделување на наградите во Гронинген, Холандија. За конечните победници во секоја од категориите, се одлучува според гласовите од публиката, но и стручното жири кое го сочинуваат истакнати личности од светската музичка индустрија.

Нашите најдобри фестивали и претходните години се закитуваа со номинации на Европските Фестивалски Награди, а „Таксират“ дури успеа да влезе и во најтесниот избор меѓу 10-те најдобри фестивали во Европа. Годинава, главната вечер на ТАКСИРАТ ќе се одржува токму на последниот ден од гласањето, односно на 7 декември, кога во Арена „Борис Трајковски“ во Скопје ќе биде затворено актуелното, 24то издание на најголемиот зимски музички фестивал во Југоисточна Европа. Имено, ТАКСИРАТ веќе ќе го оправда своето место во листата на најдобрите европски фестивали со годинашната маратонска програма која започна во мај и во чии рамки се одржаа целосно распродадените концерти, прво на великаните од светската музичка сцена „Дед Кен Денс“ и Ману Чао, а потоа и „Хладно Пиво“. Она што деновиве ни претстои во името на „Таксират“ се концертот на светскиот виолинист и „крал на валцерот“ АНДРЕ РИУ на 23 ноември, импресивната ПИН музичка конференција со 42 бесплатни концерти од 24 до 26 ноември, фестивалот на новите музички групи „Лузер фест“ на 3 декември и на крај завршницата со Главната вечер на 7 декември. Во програмата за Главната вечер на ТАКСИРАТ веќе се најавени настапите на берлинскиот техно титан БЕН КЛОК, британската р’н’б ѕвезда „АјЕмДиДиБи“, метал легендите „Содом“, инди рок дуото „Буч Кесиди“, хип-хоп екипата „Зад Аголот“, енергичните каталонци „Ла Пегатина“ и многу други изведувачи кои наскоро ќе бидат објавени. Програмата како и информациите за билетите за ТАКСИРАТ се објавени на официјалната страница на Фестивалот, на taksirat.mk .

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....