12:45 - 17 ноември, 2026

Брисел бара Вучиќ и Курти итно да одат на разговори со Борел

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти се поканети на итен состанок во Брисел за да се најде решение за проблемот со регистарските таблички на северот на Косово, изјави портпаролот на Комисијата Петер Стано.

Тие биле повикани од високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Јосеп Борел.

Косовската влада најави дека до понеделник, 21 ноември, ќе почне да наплаќа казни за сопствениците на возила од северот на Косово кои не ги замениле српските регистарски таблички со косовски. Како што се приближува тој датум, тензијата расте, а Комисијата ја нарекува „најсериозна ситуација“ од 2013 година.

„Се надевам дека ќе дојде многу брзо за да можеме да го решиме прашањето пред 21 ноември“, рече Стано. Стано рече дека има „дипломатски разговори“ за решението на тоа прашање, кои се доверливи од разбирливи причини.

Тој одби да го коментира пишувањето на косовските медиуми дека веќе е постигнат договор врз основа на предлогот на специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак.

Слични објави

(Фото) „Ало, 911, пак ја испразнив кредитната картичка!“ — Елена Ѓорговска сподели фотографии од патувањето во САД

К.С.

Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ ги спакуваа куферите и побегнаа од Србија: „Не отидовме на Бали, но менуваме дестинација“

E.A.

(Фото) По повод Светскиот ден на предвреме родените бебиња — Маја Кикириткова им посвети емотивна порака на своите деца Лазар и Ева

apostolova

За утро што мириса на цимет — рецепт за меки ролнички со кремаст прелив

К.С.

Наутро мотивирана, навечер без карактер: Дали навистина проблемот е во недостигот на дисциплина?

Еспресо

Хороскоп за 17 ноември: Лавови, вашата позитивна енергија ќе донесе мотивација во работното опкружување

Еспресо
Се вчитува....