10.8 C
Скопје
22:50 - 3 април, 2026

Аца Лукас го откажал дуетот со Северина: „Твоето дете и твоите поранешни сопрузи се Срби!“

Српскиот пејач Аца Лукас ги коментираше неодамнешните изјави на хрватската пејачка Северина Вучковиќ за Србија, српскиот народ и за властите.

Имено, Лукас во поткастот прво ги спомена браковите на Северина, поточно дека нејзините поранешни сопрузи биле Срби, Милан Поповиќ и Игор Којиќ, а потоа напомена дека и таа е мајка на момче кое исто така е Србин.

– Северина е обична будала… Сè подлабоко тоне… го почитувам тоа што го мисли, но како можеш ти кукло да оправдуваш такви гадости за еден народ, а твоето дете и двајцата сопрузи ти се Срби, родила дете кое е Србин – изјави Лукас, а потоа додаде:

– Ајде нам, но како ќе им го објасниш сето тоа на своите. Што зборуваш ти, а половина живот си поминала во Србија. Беше 30 пати попопуларна во Србија отколку во Хрватска. Снимив дует со неа, песната беше готова, но потоа таа го започна сето ова“ изјави Аца Лукас неодамна во еден поткаст.

Лукас зборуваше и за Јелена Карлеуша и откри што мисли за неа.

– Јелена ми е пријателка долги години, таа е жена со која неколкупати се скарав. Јелена е, пред сè,  добра личност – рекол Лукас, а потоа додал:

– Кога ти е најтешко, таа прва ќе помогне и ќе биде таму, ако треба и ќе плаче со тебе. Бев сведок на тоа, кога се разведував, таа плачеше повеќе од мене – призна пејачот и на шега откри дека Карлеуша има проблем.

– Има еден проблем, многу е интелигентна и паметна, но понекогаш јазикот ѝ е побрз од умот –  признал Лукас во поткастот.

Слични објави

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо
Се вчитува....