3.8 C
Скопје
15:20 - 20 декември, 2024

AББA после 50 години: Како женскиот дел од групата ја преживеал големата трагедија и распаѓањето на групата?

Поминаа скоро 50 години од феноменот наречен АББА. Секој од овие четворица луѓе има своја невообичаена приказна.

АББА не е само музичка група која ги обележала 70-тите години од минатиот век – тоа е цела ера на музика со која пораснале генерации на луѓе.

Profimedia

Ова е приказната за нив:

Ани Фрид Лингстад

Некогаш шармантната бринета Ани, денес има 73 години. Кога била млада и членка на популарната група АББА, поради нејзиниот глас и нејзините сјајни очи, момчињата ширум планетата го губеле разумот.

Бени Андерсон, нејзиниот партнер во групата, не бил нејзиниот прв сопруг, но нив двајцата публиката ги обожавала. Меѓутоа, нивната љубов не била доволно силна. После распаѓањето на групата, Ани заминала прво во Англија, а потоа во Швајцарија, за во 1992 година да се премажи. Нејзината нова љубов бил принцот Хејнрих Рутсто Раис вон Плауен, на кого Ани му родила ќерка.
Но, Ани не била среќна, бидејќи се случила голема трагедија. Шест години подоцна, умрела нејзината ќерка, а во 1999 година маж ѝ умира од рак.

Ани денес е сама. Живее во Швајцарија и се занимава со хуманитарна работа.

Агнета Фелтског

Спектакуларната русокоса Агнета во АББА групата ги споила двете добра: креативноста и љубовта. Со својот избраник Бјорн, имала четири среќни години од животот во кои добила ќерка. После тој период парот се разведува, а Агнета повторно се заљубува. Овојпат нејзината љубов бил доктор, но и таа врска „пукнала“ после четири години.

Profimedia

Што се однесува до музиката, Агнета се обидува со соло кариера, но без поголем успех. Во тој период умира нејзиниот татко, а потоа и мајка ѝ се убива од тага поради загубата. Пејачката била скршена од болка поради семејната трагедија.

Сега Агнета има 69 години и живее во Стокхолм. Мирот и среќата ги нашла покрај своите внучиња.

Profimedia

Бени Андерсон

Бени целиот живот го посветил на музиката, а после распадот на бендот се обидел да формира дует со Бјорн но, без успех.

Долго работел во продукцијата, пишувал музика за филмови и важни случувања, дури и формирал оркестар. Има две деца од првиот брак – син и ќерка родени во 60-тите години. После раскинувањето со Ани и распадот на групата, се оженил со ТВ-водителка. Од тој брак добива син, кој денес е популарен музичар. Бени денес има 72 години.

Profimedia

Бјорн Улвеус

После раскинувањето со Агнета и распаѓањето на групата, Бјорн љубовта ја пронаоѓа покрај Лена, новинарка која својата кариера ја посветила пишувајќи за музика и музичари. Од тој брак добива две ќерки. Денес Бјорн има 74 години и живее во Стокхолм. Многу е почитуван во својата земја.

Profimedia

Слични објави

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо

„Се чувствував како несакано дете“: Наташа Беквалац проговори за нејзиниот татко, сакал син, но добил три ќерки

Еспресо

(Видео) Прескап подарок: Ана Николиќ се смири со дечкото и доби скапоцени подароци!

Еспресо

Анџелина Џоли не му дозволува на Бред Пит да се ожени младата Инес

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца блесна на славата на Свети Никола: Богдана позираше со сестрите Наташа и Бојана во вилата на Дедиње 

Еспресо
Се вчитува....