12:37 - 31 јануари, 2026

58 години по победата, Џиљола Чинкети во сабота ќе запее на Евровизија: Која е приватно Џиљола?

58 години по победата, Џиљола Чинкети во сабота ќе запее на финалето на изборот за песна на  Евровизија.

Својот приватен живот го држи во толкава тајност што никој не знае каде живее со семејството. И денес, пејачката која во 1964 година ја испеа легендарната песна „Немам возраст“, навистина нема возраст. Има само години, 74.

Џиљола Чинкети во сабота ќе гостува на финалето на Евровизија во Торино, а ќе ја отпее легендарната песна „Немам возраст (да те сакам)“, со која победи на „Санремо“ и на фестивалот на Евровизија во Копенхаген, во 1964 година.

Во тоа време таа имаше само 17 години, соборувајќи рекор на најмлада пејачка што се качила на подиумот. Ќе биде возбудливо повторно да ја видиме денес на евровизиската сцена, на 74-годишна возраст. Благодарение на победата на Евровизија стекна интернационална слава, ги објави своите синглови низ целиот свет, снимајќи на осум различни јазици. Сепак, нејзина најпозната песна остана „Немам возраст“, продадена во повеќе од четири милиони копии само во Европа.

Покрај музиката, во текот на животот имала и многу други интереси. Дипломирала на уметничкото училиште во Верона, се стекнала со наставничка квалификација и стекнала диплома, прво по архитектура, а потоа и филозофија. Се појавува како илустраторка на книги за деца, но и како сликарка на корици за некои од нејзините плочи. Како актерка пак, се појавува во две телевизиски драми, но активна е и како новинарка-колумнистка.


Џиљола Чинкети е во брак од 1979 година со новинарот Лучијано Теодори, а повеќе година го чуваше бракот во тајност за тоа да не ја попречи нејзината пејачка кариера.

Со сопругот имаат две деца, Џовани (1980.), денес етаблиран историчар, и Костантино (1984.), познат архитект.

Пејачката го држи својот приватен живот толку многу во тајност што никој не знае каде живее со семејството. Се знае само дека долги години живеела во Верона, град во кој е родена и каде живееле нејзините богати родители.

 

Слични објави

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо
Се вчитува....