7.8 C
Скопје
22:51 - 31 март, 2026

Карлеуша пристигна на судењето со Цеца: „Имав кошмари“

Пејачката Јелена Карлеуша денес пристигна во Вториот основен суд во Белград, каде што се одржа рочиштето по тужбата на Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Тужбата е поднесена поради изјава што Карлеуша претходно ја дала, а која се однесува на настан стар повеќе од две децении, кога, според нејзините зборови, музичарот Оливер Мандиќ ѝ пренел дека не треба да се вози со Зоран Давидовиќ Ќанда, бидејќи се подготвува неговото убиство.

На денешното рочиште Цеца Ражнатовиќ не се појави во судницата, а изостана и сведокот Оливер Мандиќ, кој требаше да го даде својот исказ.

Карлеуша, која пристигна во придружба на својот правен тим, пред судењето изјави:

„Имав кошмари пред ова судење. Навикната сум да живеам во свет во кој постојат луѓе како овие мои непријатели. На оваа агонија веројатно ќе ѝ дојде крај кога ќе сфати дека мора да ги плаќа судските трошоци и дека ги губи процесите. Немам поим дали Цеца ќе дојде, но мислам дека Оливер Мандиќ мора да се појави. Јас сум чесен граѓанин на оваа земја и се појаувам на секој повик од судот. Чесните луѓе доаѓаат и сведочат. Тоа е, на некој начин, обид да се обесхрабрат добрите и чесни луѓе да ја кажуваат вистината, вистината која многу боли.“

Да потсетиме, Јелена Карлеуша претходно изјави дека пејачот Оливер Мандиќ ѝ рекол да не се вози со својот тогашен дечко, Зоран Давидовиќ Ќанда, бидејќи, како што тврди, се подготвувало неговото убиство.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....