19:43 - 4 април, 2026

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Пејачот Никола Роквиќ тргна пеш од Белград до Егина, патување долго 1.060 километри, каде ќе му се помоли на Свети Нектариј Егински.

Подвигот што се осмели Никола да го направи е да собере средства за набавка на опрема за дијагностицирање на рак на мозокот кај децата и за реновирање на детскиот онколошки оддел во болница.

Пејачот пристигна во Врање, а во еден момент му се придружи и група „Врањски маратонци“. Потоа, сам го продолжи патувањето, кога се изненадил и доживеал многу емотивен момент.

Имено, додека минувал покрај една куќа слушнал песна на својот покоен татко Маринко Роквиќ. Кратко потоа, додека поминувал покрај автомобил на патот, Никола слушнал уште една песна на својот татко. Роквиќ застанал да се поздравил со возачот и неговото семејство кои го воодушевиле.

„Ете, Маринко, пак…“, рекол Роквиќ.

„Да сте живи и здрави за нас“, кажале луѓето од авотмобилот.

Да потсетиме, Никола и неговата сопруга Бојана ја основаа фондацијата „Породица“ за да им помогнат на родителите и децата на кои им е потребна помош.

На аџилакот Роквиќ собира средства за набавка на опрема за дијагностицирање на рак на мозокот кај децата и за реновирање на детското онколошко одделение, за што им се потребни 200.000 евра.

Слични објави

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката по сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ покажа како изгледа во шестиот месец од бременоста – се појави во емисија во бел фустан

Еспресо

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо
Се вчитува....