15:11 - 3 април, 2026

Уништен муралот на Јована Јеремиќ, водителката бесна: „Сега ќе видат! Ќе одам до крај зошто знам кои се!“

Јована Јеремиќ пред извесно време доживеа непријатност кога беше оштетен муралот посветен на неа, а кој се наоѓа во Белград на локација што српската водителка ја крие и не сака јавно да ја открие адресата.

Како што открила за српски „Телеграф“, таа веќе доживеала и друга непријатност кога некој ѝ нацртал мустаќи, но водителката успеала да ги исчисти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)

Меѓутоа, муралот е повторно оштетен, сега е полеан со црвена течност. Јована вели дека наводно трагаат по сторителите, а делот од градот во кој се наоѓа муралот е обезбеден со камери.

„Не е целосно оштетен. Сè уште држи и одлично е. Луѓето прават секакви работи за пари, но полицијата ќе се справи со тоа. Сè е снимено! Тоа е мој личен имот за кој платив 200.000 евра! Сега ќе видат, со сите снимки, ќе одиме до крај и ќе ги најдеме директорите, бидејќи знам кои се нарачателите!“, луто изјави Јована за „Телеграф“.

„Некој е платен за тоа. Што да кажам кога му го оштетија муралот на еден Бата Живојиновиќ, зошто да не и мојот? Но, веќе добив два мурали, а ќе добијам уште во текот на животот“,  додаде Јеремиќ.

Фотографиите од оштетениот мурал може да ги погледнете ТУКА.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.
Се вчитува....