2.8 C
Скопје
14:34 - 20 декември, 2024

ЗОШТО ЈАС? Кога Мартин Јованоски го допрел дното, ја започнал својата писмена исповед за борбата со анксиозноста

ВИ ЈА ПРЕПОРАЧУВАМЕ: Автобиографска книга за анксиозност и панични напади на Мартин Јованоски.

Обиди се да не паничиш. Ова најверојатно е најлошата фраза која некој може да ви ја каже кога веќе сте среде паничен напад.

фото приватна архива

Никој не разбира што значи да се пати од анксиозност или панично нарушување освен ако тоа не го искусил на своја кожа. Забрзана работа на срцето, испотени дланки и јаки мачнини, паничниот напад воопшто не е наивно чувство.

Оние кои секојдневно се борат со паничните напади се многу силни лица. Верувајте, ве слушнале, но не, едноставно не можат да престанат да чувствуваат тежина.

Анксиозноста е многу реална и опасна, постои и се шири со огромна брзина. Таа или јас како победник на крајот, крвава војна во која упорно ги губиш битките. Една по една – стотици на број! И на крај повторно си го поставуваш прашањето – Зошто јас?

– Тоа прашање многумина си го поставуваат, не сум само јас. Но тоа прашање забораваме да си го поставиме кога доаѓаат убавите моменти, тогаш не размислуваме толку длабоко, но кога ќе паднеме и ќе се почувствуваме различно од светот, веднаш следува тоа прашање, зошто баш јас? Кому згрешив и со што го заслужив ова? И претпоставувам доволно долго си го поставував тоа прашање и за тие две зборчиња од книгата бев најсигурен. Остатокот од книгата решив да го пишувам како што ќе ми доаѓаат мислите – вели Мартин.

Со прашањето Зошто јас? почнува и автобиографската книга на младиот автор Мартин Јованоски во која отворено зборува за својата борба со анксиозноста, стравовите и со паничните напади.

– Многу бев против дневници и неможев да сватам како луѓето можат искрено да пишуваат дневник. Особено ме зачудуваше помислата, а што ако тоа некој го прочита, како може најинтимното да го ставиш на листови хартија. Гледајќи од сегашен аспект, видов дека е добар процес, но прво мораш да си расчистиш со себе, да немаш проблем да ги ставиш на хартија, секој страв, паника, секој удар, секој пад и солза – се потсетува Мартин.

Сè она што го доживеав и борбата што ја водев, ја преточив во книга која ја замислив како финале на мојата долготрајна борба – вели Мартин.

На 14 јули 2017 година го допрел дното, на истиот датум ја започнал својата писмена исповед.

– Најклучното беше прво да се убедам дека таа фаза од животот ќе помине, а не бев сигурен дека ќе можам да зачекорам кон нешто поубаво, бев уверен дека така ќе изгледа мојот живот. Но исто така , знаев дека не сакам веќе вака да живеам, млад сум и не сакам вака да ми биде секојдневието. Анксиозен човек ќе ви каже дека тоа може да биде ужасно. Тој беше проблемот, неможноста да се убедам, иако сите луѓе ти велат фаза е ќе помине, меѓутоа си велиш каква е таа фаза кога трае веќе 6,7,10 години, тоа е премногу, а во себе си пресметуваш колку многу работи си пропуштил. А сум пропуштил многу, но ако тоа е влог за нешто многу поубаво што доаѓа на крајот, тогаш немам проблем со тоа – ни објаснува Мартин.

Подадена рака може да значи дека ништо не е готово, колку и да се чини тешка и борбата во моментот. Некогаш еден збор може да ви го промени правецот на размислување.

– Еден ден, кога ја пишував ,, Зошто јас? ” бев во Охрид, бев добро, но дојдов до моментите кога требаше да ја завршам книгата. Се почувствував чудно, ми беше малку криво и жал ми беше дека треба да ја завршам книгата. Но навистина незнаев како и што ќе правам после. Сите очекуваат некој спектакуларен крај на секоја книга, некоја моќна реченица. Бев замислен, но ме освести една порака од добар другар, кој што ми напиша, се е како што треба да биде. Тоа во моментот ми даде една самодоверба, си реков во ред е, напиши што ти сака душата. Завршив, ќе бидеш добро Ти ветувам! Со тоа дадов едно тешко и големо ветување, но таа реченица, знам, на многумина многу им значеше – вели Мартин.

Мартин напиша книга од сопственото искуство, колку и да било болно во одреден момент, посветена на анксиозноста, паничните напади и стравовите.  Зошто јас? e прашање што секој од нас си го поставил во одреден момент од животот, соочувајќи се со тешки ситуации, несреќа, тага, болка и криза од кој било вид. Но знајте дека секогаш има излез, излез кој самите можете да го најдете, некаде и некогаш, но ќе го најдете.

фото – приватна архива
фото – приватна архива
фото – приватна архива

 

 

Слични објави

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо

„Се чувствував како несакано дете“: Наташа Беквалац проговори за нејзиниот татко, сакал син, но добил три ќерки

Еспресо

(Видео) Прескап подарок: Ана Николиќ се смири со дечкото и доби скапоцени подароци!

Еспресо

Анџелина Џоли не му дозволува на Бред Пит да се ожени младата Инес

Еспресо

(Фото) Снаата на Цеца блесна на славата на Свети Никола: Богдана позираше со сестрите Наташа и Бојана во вилата на Дедиње 

Еспресо

Хороскоп за 20 декември: Лавовите ги очекува невидена страст во љубовта, Скорпиите да внимаваат на парите

Еспресо
Се вчитува....