16:52 - 6 април, 2026

ВО ДВОРЧЕТО НА ДЕДО ФЕРДО ВО С. ТОДОРОВЦИ: Ја дознавме тајната за совршена к`цана сол, ја споделуваме со вас!

Во селото Тодоровци во близина на Македонска Каменица, живеат Фердо и Олга Јанковски. Имаат мало дворче со сѐ во него – пиперки, патлиџани, јаготки, маче, фурна за леб, низи со суви пиперки…

Кога стигнавме во нивниот дом, тие беа зафатени со биење пипер за превкусна биена или к`цана сол.

Ги замоливме нашите гостопримливи и љубезни домаќини да го споделат со нас рецептот за овој традиционален македонски зачин.

– Кога ќе се вцрват пиперките се нижат на везеница (низа). Во една низа има околу 5 кг пипер. Откако ќе се наниже пиперот се остава да се исуши. Откако ќе се исуши, се потпекува во фурна. Најдобро е да се остави цела ноќ во фурната за убаво да се испече и следниот ден е спремен за биење (кцање). Се додава отприлика две лажици сол или повеќе или помалку, според сопствениот вкус, а по желба може да се додаде и џоџан (мирудија) и печен сусам“, ни го објасни дедо Фердо целиот процес.

А како тој го „бие“ сувиот пипер може да погледнете во следното видео.

*

Овие написи може да ги следите и во групата … ДВОРЧЕТО …, група во која има едно чудо разноразни убавини, и која ви ја препорачуваме да ја посетите и да си станете нејзин член!

Извор, нашиот соработник агротим.мк

Слични објави

(Видео) Сандра Африка без шминка и разбушавена: Пејачката во непрепознатливо издание ги насмеа фановите

Еспресо

(Видео) Дакота Џонсон разменува страсни бакнежи со новиот дечко

Еспресо

Почината познатата хрватска актерка Марија Крпан, ја паметиме по улогата во „Изборот на Лара“

Еспресо

(Фото) Ѝ се исполни желбата на мајката на Спенџарска, Лила е заслужна

msp-admin

(Фото) Сања Николиќ во необично издание, Слаткар ја „улови“

msp-admin

Азис повторно е сингл? Мистериозното исчезнување на „американскиот хирург“ ги подгреа сомнежите дека бракот бил навистина лажен

E.A.
Се вчитува....