11.8 C
Скопје
20:27 - 3 април, 2026

ВИКЕНД ЗА „ПО ГАЌИ И МАИЦА“: Топол воздух ни доаѓа од југ

– До крајот на денов времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, додека особено навечер и во текот на ноќта од југ облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и од североисточен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени, нè известува метео прогнозерот Славчо Попоски.

Попоски додава дека утре, како и во четврток ќе има повеќе облачност, а ќе има услови и за појава на локален дожд. Температурите ќе бидат без поголеми промени.

Понатамошно затоплување на времето, и тоа под влијание на топла воздушна маса од југ ќе имаме за време на викендот кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен. Времето ќе биде сончево со умерена локална облачност, иако и за време на викендот, и тоа особено во недела попладне има услови за локален краткотраен дожд.

УВ ИНДЕКСОТ во следните денови ќе има умерено висока вредност, и ќе изнесува коефициент 6.

– И во скопскиот регион во следните денови се очекува претежно стабилно и суво време, иако има услови за сосема слаб и локален дожд. Исто така повремено и во Скопје и околината ќе има позначителна облачност. Температурата ќе се искачува во интервалот од 23 до 27 степени, додава метео прогнозерот.

Овие денови ќе дува и слаб до умерен ветер, претежно од променлив правец.

Слични објави

(Фото) Најстарата сестра на Богдана Ражнатовиќ го слави 35-тиот роденден, честитки пристигнуваат од сите страни

Еспресо

(Фото) Данијела Мартиновиќ откри зошто сè уште не се преселила во новиот дом со Јосип: „Се соочивме со реалноста“

Еспресо

„Само падна како покосена“ – Познатиот фолкер раскажа за трагедијата која го „кине“ срцето

E.A.

Ни доаѓа многу моќен датум 4.4. – според нумерологијата носи пари, среќа и неочекувани можности

Т.Ц.

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ пристигна на Бали: „Ми дојде радоста!“

Еспресо

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.
Се вчитува....