8.8 C
Скопје
11:36 - 28 февруари, 2026

(ВИДЕО) НОВ ЖИВОТ ЗА ЕДНА ОД НАЈУБАВИТЕ ПЕСНИ НА САРИЕВСКИ: „Ој овчарче“ во инструментална верзија на Џељо Дестановски

Ако со нешто треба да бидеме горди како народ, тоа е дефинитивно богатата музичка историја која ја имаме во изобилие. Особено важиме за народ кој со векови го негува својот фолклор и во рамки на него имаме илијадници песни кои се пеат и по многу векови од нивното создавање.

Една од нив е познатата народна песна „Ој овчарче“ која пред многу години ја испеа легендарниот Александар Сариевски.

Од тогаш па до денес, оваа песна сме ја слушале од многу изведувачи, а благодарение на феноменалниот музичар – зурлаџија и кавалџија Џељо Дестановски, таа доби и инструментална верзија.

Со други зборови, таа уште еднаш доби крилја благодарение на инзворедниот Дестановски.

– „Ој овчарче“ е песна стара од Александар Сариевски. Мене ми остави голем впечаток музиката секако и текстот кога ја слушнав прв пат и ми даде една голема инспирација да ја направам во мој стил во изведба со моите инструменти – зурлата и кавалот. Аранжманот е направен од Александар Јовевски и секако немам зборови колку е прецизен и професионален во својата работа, мое мислење е дека поубав аранжман немам слушнато досега – вели Дестановски.

За „Еј овчарче“, Џељо се потруди и сними прекрасен видеоспот на кој како режисер се потпишува познатиот Дарио Јанковиќ (Генерал Студио). Песната е снимена во студиото на Горан Мирковски.

– Сакам особоено да се заблагодарам на Тони Каскаревски и Симона Велковска, дечињата од спотот: Симеон Митевски , Евгенија Митевска и Аксенија Миландинова. Големо благодарам и до  фамилиите Митевски и Миладинови од С. Строиманци – Свети Николе , и фамилија Гичеви од С. Немањици Свети Николе  – вели познатиот музичар.

Инаку Џељо Дестановски позади себе има и албум со наслов „10 години дестанова ризница“ кој беше финансиран од Министерството за култура.

Многумина Џељо го препознаваат и од групата „Круна“, со која исто така работат на нови проекти кои допрва ќе ја видат светлината на денот.

Дотогаш, слушнете и уживајте во ова феноменално музичко ремек-дело на Џело Дестановски:

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ во топлес издание, ќерката на Харис позираше провокативно во црна танга

Еспресо

Хороскоп за 28 февруари: Биковите треба да ги изразат чувствата, Скорпиите ги очекува добар ден за комуникација

Еспресо

Гога Секулиќ во тага за својот роденден: Пејачката се огласи, еве што порача

Еспресо

(Видео) Ава Керш се отвори за бракот со Пепи Бафтировски: Тоа беше авантура

Еспресо

(Фото) Специјално роденденско изнеанадување за Јована Стојменовиќ: Еве каков подарок доби

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме се на нова авантура по Париз, а нивната мистериозна обајава ги замисли сите

Еспресо
Се вчитува....