01:41 - 1 април, 2025

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН АНДРИЈАНА! „Минатата година го прославив во кревет, а сега летам кога одам“

Од сесрце ѝ го честитаме роденденот на нашата уметница Андријана Мациев, жена-борец пред која симнуваме капа, откако се избори со ракот, а за чие искуство пишуваше јавно, на социјалните мрежи.

Борбената Андријана останува полна со животна енергија и оптимизам, секогаш насмеана и подготвена да се соочи со предизвиците, а позититвноста, вели, ја добива и од ќеркичката, од мајка ѝ Јулија, од домашните миленици, и од пријателите.

приватна архива

Како ќе го прославиш роденденот?

– Денес го славам моето ново раѓање. Животот кој допрва за мене почнува, после цела година од карциномот. Минатата година го прославив во кревет, а сега летам кога одам. Оваа година си реков дека 3 дена ќе го славам. Роденденот ќе го прославам во нашиот дом. Со моето мало семејство и со неколку драги личности, а секако и со сите пријатели и добри луѓе кои уште од вчера ми го честитаат.

Бидејќи веке неколку години сум веган, за мојот специјален ден си нарачав веган торта.

Постојано си зафатена со твојата уметничка работа, на што работиш сега?

– Во овој период работам на мојата нова самостојна изложба која треба да се реализира кон средината на месец октомври, во НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Таа ќе зборува за мојот пат низ кој поминав годинава. Ќе биде една моја приказна за мојот живот, од болест до здравје!

А, што е со книгата која сакаше да ја напишеш?

– Исто така, работам и на мојата книга, бидејќи низ овој процес научив и согледав многу нешта. За животот, себевреднувањето, љубовта, молитвата, луѓето кои од блиски стануваат далечни! За вербата во Бог, за искушенијата, за падот и повторното воздигување! За процесите и лекциите кои мора да ги поминеме и научиме! Ќе биде едно четиво за мотивација на сите кои се соочуваат со канцер.

Слични објави

(Фото) Братот на Новак, Ѓорѓе Ѓоковиќ и сопругата уживаат во луксуз: Ѕирнете во внатрешноста на нивниот приватен авион

Еспресо

Поради семејната трагедија Вики Миљковиќ се повлекува од „Ѕвездите на Гранд“: Еве кој ќе ја заменува во жирито

Еспресо

Раскинувањето ѝ го скрши срцето на Рада Манојловиќ: „Не станав од кревет, сестра ми ми носеше храна“

Еспресо

(Фото+видео) Голема прослава за роденденот на Виктор Живојиновиќ: Брена запеа, пристигна торта со огномет, „падна“ и бакнеж со неговата девојка

Еспресо

(Видео) Фрлиле солзавец на настапот на Теодора Џехверовиќ, пејачката проговори: Се исплашив

Еспресо

Почина Маринко Колнаго, основачот на „Нови фосили“

Еспресо
Се вчитува....