10.8 C
Скопје
20:33 - 14 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРЕДУПРЕДУВА: Има услови за слаб мраз, еве на кои места и кога!

– Под влијание на постуден воздух од север, денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бидат нешто пониски за разлика од изминатите денови, и тоа за околу 5 до 6 степени и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски, во следните денови ќе имаме стабилно, суво и сончево време, повремено со умерена, локално и позначителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој особено утре, и тоа долж Повардарието ќе засилува на интензитет.

– Температурите, и тоа оние максималните нема многу да се менуваат во споредба со денешните. Сепак наутро ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО и минималните на многу места ќе се спуштаат до околу 0 степени, додека понекаде, и тоа особено на повисоките и планинските места истите ќе се спуштат 2, до 3 степени под нулата, со што ќе се зголемуваат условите за појава на слаб мраз, па токму поради ова земјоделците да повнимаваат на своите земјоделски култури, односно истите да си ги заштитат, предупредува метео прогнозерот.

Во Скопје и околината во следните денови ќе имаме стабилно и суво време, со минимални температури кој ќе се спуштат 2 до 3 степени над нулата, а максималните ќе се искачуваат до околу 15 степени.

Слични објави

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо

Една чаша пред спиење ја елиминира можноста од срцев удар – Кога и колку вода да пиете за организмот да ви функционира совршено

Еспресо

Евровизиските обложувалници веќе ги откриваат првите фаворити за победа на Евровизија 2026

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо
Се вчитува....