03:37 - 6 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Сонце, сонце! Еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 11 степени.

Според Попоски, за време на викендот ќе имаме сончево време, во текот на утрешниот ден со појава на умерена облачност, и тоа особено во претпладневните часови. Исто така утре ќе дува и слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Наутро ќе биде релативно студено, и минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени. Ново зголемување на облачноста, кое на повеќе места ќе донесе врнежи од дожд се очекува во почетокот од следната недела.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....