00:16 - 10 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Минусни температури пред нас, подгответе се!

– Како што најавивме, во текот на следните денови ќе имаме сончево време, повремено со умерена облачност. Локално ќе има и позначителна облачност, а во текот на седмицава локално ќе има услови и за сосема слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски, наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат до околу 0 степени, додека понекаде, и тоа особено на повисоките и планинските места, истите се очекува да се спуштат до околу -3 степени, со што постојат услови и за појава на слаб мраз.

Максималните дневни пак, ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 18 степени.

Во Скопје и околината во следните денови ќе се задржи сончево со умерена, повремено и локално и позначителна облачност.

– Ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен правец, додека наутро температурите ќе се спуштаат до околу 2 степени, а максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 14 и 15 степени, заклучува Попоски.

Слични објави

Сузана Манчиќ живее во куќа без струја: „Палам свеќи и го ложам шпоретот“

Еспресо

(Фото) Вистинска семејна идила – Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ имаа посебен ден со ќерките

Еспресо

(Фото) Мора да ги видите фотографиите на Цеца Ражнатовиќ во бикини на Кипар!

Еспресо

(Фото) Лидија Вукичевиќ денес слави – му се обрати на својот син со емотивни зборови: „Љубов моја…“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се причестила на Велики четврток, а се расплакала поради сцената што ја доживеала на пазар

Еспресо

Аца Лукаc откри детали од скандалот во Гетеборг: „Бевме измамени и лажно претставени“

Еспресо
Се вчитува....