11.8 C
Скопје
12:32 - 30 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Интензивни врнежи низ цела Македонија, нова снежна покривка, еве точно кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди кои ќе бидат почести во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, подолги во попладневните часови. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени. Потоа од утре попладне и навечер од запад ќе започнат врнежи од дожд, додека на високите планини врнежите ќе бидат од снег.

Според Попоски, во понеделник и во вторник пак врнежите ќе се прошират и во останатите предели и локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ ( над 25 л/м2), додека на планините врнежите ќе бидат од снег и таму ќе се формира нова снежна покривка.

– Во вторник поради заладувањето, врнежи од снег и формирање на снежна покривка ќе има и на повисоките места, додека услови за провејување на снег ќе има и на некои пониски места. Сето ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен и од северозападен правец, кој ќе биде најизразен Долж Повардарието. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, додека во вторник истите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН ПАД и истите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 10 степени во најтолчите предели, заклучува метео прогнозерот.

Слични објави

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо
Се вчитува....