6.8 C
Скопје
02:25 - 31 март, 2026

(РЕЦЕПТ) МАРТИНА НИ НАПРАВИ ДУША МЕКИ ПИНЕРЛИИ: Перфектна ужинка, вечера или појадок за супер недела!

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

Денес Мартина ни направи душа меки пинерлии. 

приватна архива

-Перфектна ужинка или појадок која може да си ја направите уште денес, за буквално само 10 минути работа, другото е чекање тесто и печење, вели Мартина и додава: 

Душа меки, ептен брзи и најлесни за правење. Нешто кое вреди да го пробате, а ако ги направите еднаш, тогаш верувам ќе ви биде секоја недела на мени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by martinascooking (@martinascookingg)

инстаграм

ПОДГОТОВКА

Замесете меко тесто од состојките (освен маргаринот-тој е за премачкување) и поделете го на 4 дела. Намрсете ги топчињата и покријте ги со кеса. Оставете ги да се удвојат дури го спремате филот и плехчето (15тина-20 минути). Изрендајте си сувомеснато, кашкавал, сиренце, спремете си печурки, зачини, кечап, буквално се што сакате.
Секое топче ви е за посебна кора.
Од секое топче сукате правоаголна кора, ја премачкувате со маргарин, ставате фил, виткате ролат, префрлате на плехче и сечете на парчиња.
Премачкајте со јајце, ставете сусам и печете во загреана рерна на 180/200 С околу 15/20 минути.

Овие пинерлии се толкуууу вкусни што нема да знаете за доста!

инстаграм

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....