9.8 C
Скопје
21:47 - 19 февруари, 2026

(РЕЦЕПТ) ИРЕНА СПАСОВСКА НИ ЗГОТВИ АМЕРИКАНСКА ПИТА: Ви го носиме рецептот за првкусниот колач

Фолк пејачката Ирена Спасовска ужива во вкусот на домашно подготвена американска пита со сливи и ни го откри рецептот за нејзиниот омилен десерт.

Популарната фолк пејачка, која повеќе од три децении е на фолк сцената, нè почести со превкусна американска пита. Инаку, Ирена многу внимава што јаде, па ова задоволство не си го дозволува често. Таа и вежба и спортува, и се обидува да води здрав живот и поради здравјето и поради изгледот.

– Сакам да готвам , тоа ме расположува. Јас и ќерка ми сме вегетеријанки и почесто експериментирам со некои необични вкусеви и рецепти. Сакам козјо сирење, печурки, буритос, кус кус, нудли, грашок, спанаќ…сè готвам убаво, ни открива Ирена и ни го октрива рецептот за подготовка на американска пита со сливи:

– Се прави многу брзо и не се потребни многу намирници. Потребно ви е 200 гр. брашно, 130 гр. путер, 70 гр. лешници, 7 лажици шеќер, 3 јајца, 200 мл. хопла и 15 сливи.

Постапката е следна: брашното се меси со 130 гр. омекнат путер и 1 лажица шеќер. Тестото се остава 30 минути покриено со најлонска фолија, а за тоа време се матат 3 јајца со 6 лажици шеќер и 200 мл. хопла. Тестото се става во тепсија и се натапкува. Се боцка со вилушка и се става 4 лажици мелени лешници. Одозгора се редат сливите на половина пресечени, а на крај се става филот од јајца и хопла. Се пече во загреана рерна на 220 степени половина час.

Добар апетит!

 

 

Слични објави

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо
Се вчитува....