19:38 - 10 ноември, 2026

РАЗГОВОР СО АЛЕКСАНДАР ТОДОРОВСКИ, ПОБЕДНИК НА МАКФЕСТ 2021: Кога ме повикаа на сцената помислив дека ја добив наградата за дебитант!

Александар Тодоровски годинава првпат настапи на фестивалската сцена на „Мафкест“, но успеја да ја освои и публиката и жирито и на крајот да заврши на врвот на табелата. Победата ќе му отвори многу врати во светот на музиката, а еден негов сон, како што рече, веќе е остварен.

приватна архива

Александар Тодороски е победник на 36. издание на Фестивалот на музика „Макфест 2021“. „Под исто небо“ беше песната која освои најмногу гласови и од публиката и од стручното жиро.  Музиката и текстот се на Ристо Самарџиев, а аранжманот е на Давор Јордановски. Тодороски во финалната вечер влезе по дебитантскиот настап на првата полуфинална вечер, кога освои најголем број на гласови од публиката.

Како се чувствуваш после победата на Макфест?

– Чувството е неописливо со зборови. Посакувам секој да може да искуси таков посебен момент во животот.

Очекуваше ли дека ќе се пласираш во финалната вечер, па потоа да ја однесеш победата?

– Не, ни на сон. Немав големи очекувања за да немам поголеми разочарувања.

Како се чувствуваше кога те прогласија за победник? Што прво си помисли?

– Едноставно не ми се веруваше, се исклучив на неколку минути зашто кога ме повикаа зад сцената помислив дека ја добив наградата за дебитант, но не беше така.

Како реши да се пријавиш и да настапуваш на Макфест?

– Желбата за Макфест беше присутна сигурно 3-4 години наназад, но не брзав, сакав да соберам искуство и храброст за да излезам на сцена барем во едно задоволително светло. Со Ристо Самарџиев се запознавме на еден заеднички настап во живо, и од таа случка почна проектот „Под исто небо“.

Колку време си во музичките води?

– Во музичките води сум од мал. Кај мене се знаеше цело време, музика и само музика. Завршив нижо музичко, потоа средно музичко (класична гитара) и Академија исто така на класична гитара. Активно функционирам со настапи во живо низ државата веќе 7 години.

Што после „Макфест“?

– Се подготвува видео записот за победничката песна, настапите во живо си продолжуваат и бидејќи „Под исто небо” е мојата прва песна и означи добар старт, сакам да се посветам и на авторска музика.

приватна архива

Слични објави

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.
Се вчитува....