3.8 C
Скопје
20:12 - 20 декември, 2024

(РАЗГОВОР)„ПЕКОЛНИОТ“ САША МИШИЌ ВО ПОСЕТА НА СКОПЈЕ: Ако сакаш да го вкусиш Балканот, дојди во Скопје, тука има сè!

Веќе неколку месеци патува низ Балканот, од место до место, од ресторан до хотел, со нова цел и мисија, да го спои Балканот во една туристичка авантура. Ја снима својата нова емисија „Турист експерт“ во која го покажува вистинското лице на градот и неговата понуда.

фото – приватна архива

Многумина го познаваат како водител на српскиот серијал на емисии од угостителство „Пеколна кујна“. Во текот на работењето како угостител видел сè и сешто. За „еспресо“ вели дека некогаш и не можеме да замислиме што сè може да се види во кујната на рестораните. „Најпеколна кујна“ во која влегол била во Германија, а сопственикот Грк имал работници од 14 националности.

Тоа е Хаџи-Саша Мишиќ кој ни нагласи дека, за разлика од пред 10 години, сега во македонските ресторани се почитуваат стандардите за подготовка на храна.

Саша повторно си во Скопје, но не да ја најдеш македонската пеколна кујна туку со една нова цел. За каков проект станува збор?

– Секако, приказната е убава, во прашање се туристите и јас – кој патува по Балканот и го гледа и опишува Балканот со свои очи. Како го гледам, како го доживувам, што и каде се јаде, се пие, што се пее, игра, каква е текстурата, грнчарство, сè што е поврзано за народите кои живеат на Балканот. Главното е туризмот, објаснувам што, како турист, можам да доживеам во Скопје, или некој друг град на Балканот и каква е понудата на хотелите и рестораните, каква е услугата, климата, какви се луѓето, каков е народот. Сакам да патувам, го сакам балканскиот народ и мислам дека сме огромна целина, ги имаме сите бои, разновидност, заедно сме еден убав претставник на регионот, во туристичка смисла сме единствени. Е, тоа го покажуваме.

Каков град е Скопје, според тебе? Што сè може на туристите да им понуди?

– Аууу – тоа го кажуваат луѓето кои никогаш не биле во некој град. Секогаш имаат некакво мислење однапред, бидејќи слушнале од некој нешто. Всушност, за секој град како и за Скопје, некој кој што не бил ги има само информациите кои ги слушнал. Може да не е објктивен. Објективно јас сега можам да кажам, не ми е прв пат, јас имам дојдено повеќе пати, често и јас го доживувам секој пат како нешто ново да откривам. Скопје како град има голема традиција, во далечната историја, која е измешана од сите случувања на Балканот и тоа се гледа. Се гледа во изгледот на градот, во скулптурите, во Музеите, можам да добијам впечаток за таа комплексна убава историја. Луѓето се весели, разновидни, ги има многу, летата, зимите, ноќите утрата. Каде и да поминеш се пее, се јаде, срдечни се луѓето. Тоа можам како турист да го опишам. Кога бев прв пат во Скопје, мене ми беше сè како познато, ништо непознато, тоа значи, не сум јас од тука, но исто како да сум. Или луѓето се гостопримливи, или јас се чувствував како да не ми е непознато. Мислам дека Скопје е пресвртница на сите традиции, патишта, храната, сè поминува од тука, минатото, се сè шири на сите страни, голема мешавина на впечатоци, на луѓето, а тоа се гледа најмногу преку храната. И може затоа луѓето се многу весели.

фото – приватна архива

Како ќе ја опишеш македонската кујна?

– Ох, таа е вкусна, таа е разновидна, во смисла на убава боја, текстура, многу овошје и зеленчук, многу се готви, не само месо, има многу зеленчук, гравче тавче. Ја има пиперката во многу комбинации, многу се јаде слатко, со ориентален вкус, баклави, тулумби, останати специјалитети. Ми се допаѓа што е сè измешано, Балканот е присутен во еден град што се однесува на храната и тоа можеш да го јадеш еден ден на едно место. Ако сакаш да го вкусиш Балканот преку храната, тогаш мојот совет е да дојдеш во Скопје и тука да го почувствуваш, не мора да ги посетуваш сите градови, тука има сè. Тоа е мојот впечаток што се однесува на храната. Многу се љубезни во рестораните, многу способни келнери, вредни, брзи, бистри, сите се млади во униформи. Многу се води сметка за изгледот на келнерите, но и сите луѓе кои шетаат во Скопје, живеејќи овде, не само туристите, се убаво облечени. Тоа е она што е убаво што го гледате во градот.

Пред десет години го создадовте серијалот „Пеколна кујна“ која ова лето имаше своја реприза. Дали „Турист експерт“ ќе го задржи истиот формат или станува збор за сосема поинаков проект?

– Тоа е добро прашање, во целост друг формат е во прашање. „Пеколна кујна“, како проект, беше кујна и само кујна. Беше брза, како што и јас пред 10 години бев побрз, појак, подобар, попаметен, поубав итн. Таква беше и таа емисија во тој стил. Беше спартански начин на тематски пристап во кујната. Сè што не е добро, надвор, на балкански, мрш надвор, не вредиш – не работиш. Тоа беше тогаш. Оттогаш до сега, нормално, дека сите готвачи се многу добри, далеку подобри од тогаш, јас не сум им потребен оддамна да им покажам што може да биде подобро, тоа самите го знаат.

Туристичкиот сектор беше еден од најпогодените поради пандемијата. Дали е време да се размислува за малку поинаква туристичка приказна во балканските градови?

– Време е за нашиот туризам, мислам на Балканот во целина, оваа ситуација што трае две години, пандемија или не, кој како ја нарекува, нас да нè сврти едни кон други. Балканот туристички е ориентиран секој на своја страна, на пример, во Хрватска доаѓаат Германците, во Грција други туристи, сите имаа насока надвор од Балканот. Сега е потребно, туристички да се свртиме навнатре, кон соседите, сè со цел едни на други да си помогнеме, да ги споделиме туристите. Да кажеме, еј си дошол до Белград, еве 4-5 часа си во Скопје, ајде да се организираме, и обратно, си дошол во Скопје ајде во Дубровник, Будва. Било каде, сè е достапно, патиштата се тука, нам ни останува да се поврземе туристички гледано и ќе ни биде на сите нас многу убаво, како и на туристите.

фото – приватна архива
фото – приватна архива

 

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....