-4.2 C
Скопје
00:12 - 23 декември, 2024

OТВОРЕНО СО ЕРКАН ЌАИЛ, лице во инвалидска количка: Лекарска грешка му ја одреди судбината, но тој е најпозитивното момче што ќе го запознаете!

– Отежнато се движев, почнав на прсти да одам, после тоа полека полека како слабеат мускулите, немав сила да се движам, ќе се сопнеш, ќе паднеш, неможеш како и сите луѓе да потстанеш, ти треба помош…, вака ја започнува својата приказна младиот Еркан Ќаил, позитивна личност, кој и покрај препреките кои животот му ги создал, продолжува напред со својата мисија. Сепак, додека минува животот, тој не ти дава повеќе од она што можеш да го издржиш. А токму приказната на Еркан е потврда за тоа.

– Енергијата и мотивацијата ја црпам од луѓето околу мене. Кога си опкружен со добри луѓе сè е поинаку – вели Еркан.

– Колку и да е тешко мораш позитивно да гледаш на работите. И покрај проблемите треба да си секогаш насмеан и позитивен – нè мотивира Еркан.

Неговата животна патека е тешка, но многу инспиративна. Поради лекарска грешка станал инвалид.

– Како мал преку крвна анализа ми открија дека имам покачени параметри кои укажуваат на болест на црниот дроб. Препораките беа да одмарам и да бидам на диета поради црниот дроб. Но после испадна да наместо одмарање, треба да практикувам физичка активност, разни терапии за да не ми ослабат мускулите. На 10 години ми открија дека имам болест на мускулите. Со еден преглед од две минути ми ја открија болеста, докторката ми рече клекни, јас го сторив тоа, но неможев да станам. Тогаш ми дијагностицираа прогресивна мускулна дистрофија – раскажува Еркан.

Како еден тинејџер, тогаш, се соочил со реалноста дека целиот свет ќе му се промени, дека нема да биде и да функционира како останатите.

– На почетокот беше тешко. Сите ме познаваа како здрав, прав тинејџер, кој што трчал, играл фудбал. Во еден момент ме гледаат во количка. Тешко беше. Но човек се навикнува со текот на времето. Мора…, вели тој.

Почнал да излегува, да се дружи и сфатил дека што е – тоа е, и дека мора да продолжи да живее и да мисли на добро. Сега Еркан е активен дури и повеќе од некои сосема здрави луѓе.

– Реално сите ја прифатија многу брзо мојата нова состојба, но во Македонија, па и на Балканот, се уште има предрасуди за оние кои не се како останатите, како нив. Секогаш поразлично гледаат на работите, ги двојат луѓето. На пример не можат да разберат како јас во таа состојба работам, тренирам и сум дел од ноќниот живот и како сум опкружен сотолку познати и убави луѓе – ни објаснува Еркан.

Го прашавме Еркан, какво е живеењето во инвалидска количка во Македонија, првенствено во Скопје каде што живее. Колку се снаоѓа сам да отиде некаде, дали користи јавен превоз?

Живеењето во инвалидска количка во Македонија е малку тешко, бидејќи нема секаде пристап, скоро секаде има скали, нема лифтови, нема пристапни тоалети, па се снаоѓам сам тоа што можам, а за другото со помош на луѓето околу мене. Користам јавен превоз, но ниедна рампа не работи за да се качиш сам, мора некој да ти помогне… некогаш шоферите, но тоа е реткост, зависи од шоферот. Има и луѓе што секогаш помагаат, а мене ми е потребна помош, јас многу често одам сам, ни одговара. 

фото – приватна архива

Неговата судбина му запишала и нов проблем, по патувањето во Шведска, се вратил дома, а дома му се случила несреќа.

– Во куќата живеевме на втор спрат, па направивме лифт за да можам полесно да се движам, бидејќи претходно имаше само скали и бев постојано на терет на другите. Цели 4 години го користев секој ден, се додека не се случи несреќа. Поради дефект на лифотот и кинење на сајлата  качувајќи се нагоре, таман стигнав и требаше да излезам од лифтот, паднав од височина од 5 метри со лифт и количка. Од падот имам повреда на кучмата и колкот, но за среќа количката ме заштити делумно, а таа се искрши од падот – се присетува Еркан.

Еркан излегува, се дружи, работи, делегат е во кошарка, неговата попреченост не го спречува да функционира како и секој друг. Препознатлив е и по неговиот супер стил, секогаш е среден, било да станува збор за спортски изглед или пак костим за работа. Обожава спорт и спортски настани.

Еркан е личност која докажува и покажува на дело дека ако сакаш сè можеш да постигнеш и оствариш.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо
Се вчитува....