13:10 - 9 јануари, 2026

НИКОЛИНА ПИШЕК ЕДВАЈ ЧЕКА ДА ЗАВРШИ ГОДИНАВА: Стана кираџика, ја ограбија, за малку ќе се задушеше, украден „ауди“…

Хрватската водителка Николина Пишек едвај чека да ѝ заврши оваа, несреќна, 2021 година во која преживеа неколку голготи. Сепак, убавицата не се предава!

Ако се прашувате што сè ѝ се изнаслучи од почетокот на годината до денес, еве ја кратката листа на „топ“ ситуации:

Имено, таа поминала низ вистинска драма кога заедно со семејството биле исфрлени од вилата во која летувале. Таа и нејзиниот сопруг Видоје Ристовиќ се вратиле од ноќно излегување во вилата каде платиле 20.000 евра за две недели одмор, а на вратата ги чекало обезбедувањето кое не им дозволило да влезат во хотелот. Додека нејзиниот сопруг успеал да помине покрај обезбедувањето, направил хаос и се скарал со сопственикот, а кога ги презеле работите виделе дека им недостасува накит и рачни часовници и пари во износ од 68.000 евра.

Следниот ден Ристовиќ бил уапсен поради закани кон сопругата на сопственикот на вилата, а неодамна сплитскиот суд го потврдил обвинението за закани, како што пренесоа хрватските медиуми. Државното правобранителство побарало парична казна во износ од 14.000 евра.

Но тука не беше крајот на пеколот. На почетокот на годината се случи несреќен случај во станот кога Николина и нејзината седумгодишна ќерка за малку ќе се задушеле со плин, а ги спасил пријател кој на инсистирање на Видоје отишол да провери што се случува, бидејќи не можел да ја добие сопругата на телефон. За среќа, пријателот ги нашол на време, но поради труењето со гас, познатата водителка се бореше со последици на белите дробови.

фото Инстаграм

По оваа ситуација, Николина од страв не се враќала во станот, туку живеела во еден загребски хотел. Неодамна со сопругот си купиле куќа, но додека не се вселат во неа, поради реновирање, двајцата се кираџии.

Но, ниту оваа не е сè! На крајов на месецот на Николина ѝ го украдоа суперлускузниот автомобил Audi Q7, украден „пред нос“, односно пред станот каде што е кираџика.

 

За среќа, автомобилот завчера бил најден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)

Слични објави

Нови детали за трагичната смрт: Фризерот што го прослави Карлеуша се разболел во Занзибар и починал по враќањето во Белград

Еспресо

(Видео) Му пеела пред да почине: Калиопи откри интимна приказна

msp-admin

(Фото) Полугола и мокра, Маја Шупут во сензуална прегратка на Шиме

Еспресо

(Видео) За неа тоа беше шокантно: Каролина раскажа што ѝ се случи во Јапонија

msp-admin

(Видео) Дарко Лазиќ повторно шокираше: Пејачот врза санки за автомобилот, па ги влечеше децата

Еспресо

Ова е сестрата на Панчо, нејзината посвета за покојниот брат ќе ве расплаче

msp-admin
Се вчитува....