14.8 C
Скопје
14:56 - 18 декември, 2024

МУАБЕТ СО КРАЛОТ НА СВЕТКАВОТО, Неговото Височество ЏејЗиЏеј, а за блиските – Злате: Континуирано сум опседнат со себе и со ликот и делото на моето алтер его!

Го знаете Злате? На ЏејЗиЏеј де, мислам. Кога помислувам на него помислувам на едно златно детенце со големи соништа. Таков го запознав, пред 7-8 години. Во меѓувреме, Златко Јовановски многу пораснал. Ама, ист си е, забавен и едноставен, а сепак крал. Крал кој добро знае дека на едноставноста мора да ѝ се биде дораснат. Ти благодарам Височество, за насмевките од денес!

Здраво Златко, не сме се виделе од Виена, од пред куп години, тогаш кога беше премлад, но многу амбициозен моден дизајнер со соништа дека еден ден ќе заслужиш светски глас. Што се случи во меѓувреме со твојата работа, колку неба освои?

– Здраво, точно дека поминаа доста години. Од тогаш до сега имав доста светски успеси. Јас нескромен како тогаш- така и сега (се смее, н.з). Имав ревија на „Harbin Fashion Week” во Кина, мојата колекција беше на „London Fashion Week”, имав соработка со Тајга – светски познат рапер, соработка со Manny MUA – светски познат шминкер, дизајнирав сако за лансирање на неговата линија на шминки. Моето име се најде во Vogue, Harper’s Bazaar, Mood Magazine, Cosmopolitan итн. Ава Макс носеше моја креација на насловна на магазин, колекции, фотосецесии…

Сметам дека чекорам по мојот пат, но сè уште не сум го создал моето небо, моето замислено успешно небо. Но здравје, има време.

Е баш супер! И честитки. Туку, деновиве си актуелен со фустанот кој го дизајнираше за српската фолк пејачка Цеца. Како стапивте во контакт?

– Цеца има свој стилист со кој што работи веќе подолго време, таа го видела мојот инстаграм профил и ѝ се допаднала мојата работа. Ме контактираше за да направам нешто за Цеца по моја идеја. После тоа договоривме термин и јас бев во Белград на проба. После неколку дена го испратив финиширан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Couturier (@jzj_zlatko_)

Што „научи“ од Цеца, а што таа од тебе?

– Од Цеца ‘„научив’“ дека колку и да си голема ѕвезда треба да си скроз кул и нормален, ако можам така да се изразам. Јас сум многу среќен што во потполност ми веруваше како дизајнер. А што она научи од мене, треба неа да ја прашате ха-ха (се смее, н.з).

Кои материјали ги употреби за креацијата и всушност, како настана дизајнот?

– Целата креација беше од провиден материјал со сребрени светки, и деловите на бикини зоната и торзото беа исполнети рачно со апликации од срма, стакла, реси и монистри. Плус, имаше ремен со конструкција на корсет украсен со камења и реси за да ја истакне половина и додаде сјај и раскош на самиот дизајн.

Планираш ли нови модни соработки со Цеца или пак, со некои од другите популарни естрадни уметници?

– Нормално,  ние останавме во контакт, и за следна прилика ќе ми биде мило ако повторно соработуваме.

приватна архива

Ќе те видиме ли на годинешниот Моден викенд?

– Не. Оваа сезона јас нема да имам ревија туку мојата нова колекција ќе биде претставена само со краток моден филм и фотосесија. Сметам дека ревиите јас што ги правам се многу големи и жалосно е да дојдат тоа да го видат ограничен број на публика, поради ситуацијата со пандемијата. Сепак, ако веќе правиме „БУМ“, треба да е саглам и со голема публика.

Со што си опседнат во моментов?

-Опседнат?! Ја сум континуирано опседнат со мене и со лик и делото на моето алтер его. Кралот на светкавото – Неговото височество ЏејЗиЏеј’’ (се смее, н.з)

Познат си по својот ексцентричен стил, што за тебе значи да се биде ексцентричен и во кои од нашите естрадни уметници препознаваш стил?

– Екцентричен значи да си различен, да си уникатен, луѓето кога ќе те видат да се шокираат од твојата појава и да имаат некој позитивни а некој негативни мислења. Нормано за да си таков треба тоа да го чуствуваш и да знаеш да го носиш. Доколку не е така може да испаднеш смешен и ефтин. Нормално јас сум екцентричен само на ивенти, снимања, ревии и слично, а секојдневно е друга приказна.

Што би кажал за стилот на нашите естрадни уметници?

– Па не знам што би кажал за нашите естрадни уметници… Можеби има исклучоци, но сметам дека генерално сите се држат до некоја сигурна зона, за жал.

приватна архива

 

Слични објави

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ ги покажа стомачните: Згодната пејачка е во најдобрата форма досега!

Еспресо
Се вчитува....