Пред повеќе од 10 години братчето на Елена се разболува од леукемија, па со тоа мајката на Елена започнува да изтражува многу на темата здрава исхрана и како да придонесе за неговото здравје. Така доаѓа и до овој рецепт за лепчето без брашно.
Лебот не е храна, лебот е лек. Борбата со леукемијата ја започна и приказната за „Лебот на мама“. А за неа ни раскажуваат Елена и Ненад Маркоски, кои се денес наши соговорници.
Како започна приказната за Лебот на мама?
– „Лебот на мама“ има една, би кажале, емотивна приказна и причина за почеток. Самото име всушност ја покажува важноста на секоја една мајка во нашите животи, нивните прекрасни рецепти и посветеноста за секој еден од нас. Во нашата приказна тоа е мајката на Елена од каде всушност и потекнува рецептот за лепчето. Пред повеќе од 10 години братчето на Елена се разболува од леукемија, па со тоа мајката на Елена започнува да изтражува многу на темата здрава исхрана и како да придонесе за неговото здравје. Така доаѓа и до овој рецепт за лепчето без брашно. По неговата трагична смрт, после неколку години, одлучуваме ова лепче да се најде на трпезата и на сите вас со цел да придонесеме за стекнување на здрави навики.
Зошто е карактеристичен и специфичен Лебот на мама?
– Лебот на мама е домашно лепче без брашно, без никакви адитиви и додатоци направено од цело изртено зрно на пченица. Во составот, покрај пченицата како главна основа, има и јачменови снегулки, сусам, сончоглед, ленено семе, црно семе.
Како се чува лебот?
– Бидејќи лепчето нема адитиви во себе, истото е потребно да се чува во фрижидер.
Тука се и намазите како дополнување на Лебот на мама….
– Покрај Лебот на мама, подготвуваме и здрави хумус намази, без додатоци и адитиви. Моментално имаме класичен хумус, пикантен хумус, хумус со цвекло и намаз од црвена леќа. Важно е да напоменеме дека при подготовка не користиме конзервирани производи како што е конзервиран наут или цвекло. Кај нас буквално сè се подготвува свежо.
Како можат да ве најдат и да нарачаат производите?
– Достапни сме на двете социјални мрежи Facebook и Instagram каде слободно луѓето можат да не исконтактираат преку порака. Дополнително тука е и нашата веб страна www.lebotnamama.mk од каде примарно ни пристигнуваат нарачките и финално достапни сме и на телефонскиот број 070-277713.
За крај, зошто треба да внимаваме што јадеме?
– Многу е важно што конзумираме бидејќи храната колку што може да биде лек исто толку може да биде и причинител за многу болести и здравствени потешкотии кај луѓето. Среќни сме што до сега имаме добиено многу позитивни искуства од наши клиенти кои успеале да ја регулаат прекумерната тежина, дијабетесот како и проблемите со варење на храната. Тоа всушност и ни дава дополнителен мотив за работа. Треба да сме благодарни што живееме во поднебје каде успеваат најразлични зеленчуци и овошја и истите треба паметно да ги искористиме. Секако, во комбинација со нашите производи (се смее, н.з).
ФОТОГРАФИИ – Приватна архива