9.8 C
Скопје
22:13 - 17 март, 2026

(ГАЛЕРИЈА) ДВОР КОЈ ОСТАВА БЕЗ ЗДИВ: Слободанка Стојановска има златни раце и расцветана душа

Слободанка Стојановска има двор од кој застанува здивот. Дворот се наоѓа во Маџари, а се простира на околу 500 квадратни метри. 

Вредната Слободанка претежно сама се грижи за оваа неверојатна убавина од разновидни цвеќиња.

– На балконите доминираат питунии-сурфинија, но имам и розички, грчки емпатии, лалиња за време на нивната сезона, хризантеми, кампанула и многу други, вели Слободанка.

Таа „им зборува“, односно ги негува цвеќињата по час до два во денот. Но, вели дека косењето на тревата и кроењето одзема повеќе време, околу три часа.

– За да почнеме да одгледуваме некое растение или некое цвеќе потребно е тоа да го правиме со љубов. Доколку не сме спремни да посветиме доволно внимание, љубов и време на секое растение не треба ни да го започнеме, нè советува оваа жена со златни раце и додава:

За да почнe некој да одгледува цвеќиња тоа треба да го прави со љубов, но секако дека треба да им посвети време и внимание. Треба да псе почне од цвеќиња што се поиздржливи на сонце.

Ја прашуваме, кое цвеќе ѝ е најдраго.

– Сите подеднакво ги сакам, и за сите подеднакво се грижам, ни одговара таа.

А што е со зимската сезона?

-Оние што не можат да ја издржат зимата надвор ги ставам во затворена просторија со светлина, додека другите што можат да ја издржат зимата остануваат надвор.

Секоја чест, Слободанка!

Инаку, Слободанка Стојановска е членка на Фејзбук групата …ДВОРЧЕТО…

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

„Никој не сакаше да му купи карта за концерт“: Каќа Живковиќ го „исплука“ Тони Цетински

Еспресо

Ова била одлуката на судот! Ана Николиќ објави нови докази за разводот на Рале и неговата прва сопруга: Еве што се случи со имотот

Еспресо

Каде за продолжениот викенд? Ако немате идеја, ѕвездите имаат совет за секој хороскопски знак

Еспресо

Емотивна исповед на Азис кој откри неверојатни детали од детството: Роден во затвор, а првото име му било Станислав

С.П.

Кога се сврте, проработе фантазијата – дали Маја носи нешто под фустанот?

Еспресо

(Фото) Приклучена на апарати: На познатата пејачка Диди Џеј ѝ се влоши здравјето, има проблеми со срцето

Еспресо
Се вчитува....