6.8 C
Скопје
08:42 - 14 март, 2026

(ФОТО) ВО СКОПСКИОТ ДОМ НА ПРИЛЕПЧАНКАТА МАЦИ: „Тазе“ цвеќарка, страсна љубителка на животната радост и растенијата!

Млада, преслатка и многу амбициозна, Маци е дипломиран филолог по компаративна книжевност и почнала да одгледува цвеќиња минатата година, инспирирана од отсуството на живот предизвикано од пандемијата.

– Мојот „двор“ е всушност, северната соба во мојот стан, целосно посветена на растенијата. Со голема љубов сама се грижам за нив, ни вели Маци.

Со оглед на тоа што е „тазе“ во одгледувањето на цвеќиња, се одлучила за цвеќиња кои се релативно независни и не им треба премногу внимание, а во последно време развила голем интерес и кон семиња лути пиперки, па засадила хабанеро и халапењо. Вели, ги чека дали ќе родат плод. 

-Некои денови само ги посетувам моите растенија за да ги поздравам, посебно како што влегуваме во есенска сезона, ми треба многу малку време. Не правам ништо посебно бидејќи се дома и жители се на север, освен што водата ми е намалена на 7-10 дена, ни раскажува таа и додава:

-Омилено цвеќе ми е овој сукулент, кој дојде кај мене по голема случајност откако бил заборавен во стан со месеци. Бев трогната од неговата упорност да живее, па сега видете го како вирее!

Оваа девојка полна со позитивна енергија ни порачува: Земете си дрво на животот, ќе ве охрабри!

И ние ја охрабруваме неа да продолжи напред со новата страст – растенијата.

Инаку, Маци е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

ФОТО-ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Хороскоп за 14 март: Овните ќе се сомневаат во партнерот, Лавовите ќе се фокусираат на финансиите

Еспресо

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо
Се вчитува....